Васка Биџова-Гајдова
Васка Биџова-Гајдова (26 јуни 1924 во Прилеп - 5 септември 2014) е македонска оперска пејачка.[1]
Васка Биџова-Гајдова | ||
Роденаа | Васка 26 јуни 1924 Прилеп, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починалаа | 5 септември 2014 | (возр. 90)|
Занимање | Оперска пејачка, колоратурен сопран, првенка и една од првите солистки на Операта на МНТ |
Животопис
уредиВаска Биџова-Гајдова е оперска пејачка - колоратурен сопран, првенка и една од првите солистки на Операта на МНТ. Соло пеење учела кај П. Богданов-Кочко, Н. Кунели, П. Холотков и во Љубљана (Ј.Бетето). Постојан член на Операта и Балетот на МНТ (1948-1978). Во меѓувреме (1958) дипломира на Високоата школа за музичка и театарска уметност во Виена со улогата на Кралицата на ноќта во операта Волшебната флејта. Настапувала и на концертниот подиум, особено исполнувајќи вокални творби од македонски композитори. Од 15 остварени улоги, се издвојуваат: Констанца (Грабнување од Сарајот), Лучија (Лучија ди Ламермур), Розина (Севилски бербер),Џилда (Риголето), Адина (Љубовен напиток). Поседува чист колоратурен сопран, со широк дијапазон, технички совршен, способен со својата изразаеност да предаде и најсуптилни душевни состојби.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Бицевски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 166. Text "series " ignored (help)