Љубица Петровска
македонска универзитетска професорка
Љубица Петровска (14 ноември 1927 во Крива Паланка) — македонска универзитетска професорка на Природно-математичкиот факултет во Скопје по предметот систематика и филогенија на нижите растенија.[1]
Љубица Петровска | ||
Родена | 14 ноември 1927 Крива Паланка, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Занимање | универзитетска професорка |
Животопис
уредиДокторирала во 1961 година во Скопје, под менторство на познатиот алголог Иво Певалек од Загреб. Била на специјализација во Белград и Загреб и на четиримесечен студиски престој во Ботаничкиот институт во Виена, кај еминентниот алголог Лотар Гајтлер. Има објавено голем број трудови од областа на алгологијата и е одличен познавач и монограф на групата модрозелени алги. Автор е на монографијата „Модрозелени алги (Cyanophyta) на Република Македонија“ (1997), во издание на МАНУ.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Петровденски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1148. Text "series " ignored (help)