Цветанка Органџиева

Цветанка Органџиева (Велес, 1923) — македонски поет, славист и историчар на книжевноста, поранешен универзитетски професор и научен советник[1].

ЖивотописУреди

Органџиева е родена во Велес во 1923 година. Како ученичка во II клас била активен член на Литературната дружина „Јован Дучиќ“ во Велес во 1939 година. Во родниот град завршила гимназија во 1942, а потоа една година била на студии по германистика на Историско-филолошкиот факултет во Софија. Зачувани се повеќе нејзини песни на македонски јазик од 1944 година. По Ослободувањето објавувала песни во списанијата „Нов ден“ и „Иднина“, во весникот „Нова Македонија“ и др. Подоцна во 1948 дипломирала славистика и докторирала на Филозофскиот факултет во Загреб на 23 јуни 1962 година на тема „Objavljivanje i proučavanje junačkih pjesama kod Južnih Slavena i Rusa do 1920 godine s naročitim osvrtom na pitanje postanka i razvitka junačkih pjesama“. Првин била асистент на Филозофскиот факултет во Скопје во 1949[2], а потоа и професор, научен советник до 6 декември 1983 и директор на Институтот за фолклор во Скопје (1 јули 1976 - 30 јуни 1978)[3]. Во 1972 година, Органџиева ја добила наградата 13 Ноември од областа на науката[4].

БиблиографијаУреди

  • Осврт врз изучувањата на настанувањето и развитокот на јужнословенската епика до 1920 година, Скопје, 1972;
  • Карактеристиките на епските песни на Македонците-муслимани од Делчевско (Пијанец), Скопје, 1981.

НаводиУреди

  1. Д-р Блаже Ристовски, Македонскиот стих 1900‡1944. Истражувања и материјали, II, „Мисла“, Скопје, 1980, 379-387
  2. „ИСТОРИЈА НА КАТЕДРАТА ЗА СЛАВИСТИКА“. Филозофски факултет Скопје. Архивирано од изворникот на 2015-04-24. Посетено на 2009-11-17.
  3. 50 години Институт за фолклор. Библиографија на изданијата на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ - Скопје и на магистерските и докторските дисертации на соработниците 1950 - 2000. Мирјана Анастасова, Скопје, 2000, 108 и 147
  4. „Добитници на наградата „13 Ноември". Огицијален портал на град Скопје. Посетено на 2009-11-17.