Љубинка Басотова

македонски филолог и универзитетска професорка

Љубинка Басотова (Скопје, 15 октомври 1934 - Скопје, 18 јуни 2020) — македонски класичен филолог, редовен професор на Институтот за класични студии на Филозофскиот факултет во Скопје.[1]

Љубинка Басотова
Родена 15 октомври 1934
Скопје, Кралство Југославија
Починала 18 јуни 2020(2020-06-18) (возр. 85)
Скопје, Македонија
Националност Македонка
Занимање класичен филолог, универзитетска професорка

Животопис

уреди

Проф. д‐р Љубинка Басотова билародена на 15 октомври 1934 година во Скопје. Основно и средно образование – класична гимназија завршила во Скопје, каде што и дипломирала во 1959 година на Катедрата за класична филологија на Филозофско‐филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Постдипломските студии на Институтот за историја при Филозофскиот факултет ги завршила во 1985 година со одбрана на магистерскиот труд под наслов „Летописот на попот Дукљанин како извор за проучување на македонската средновековна историја“, а докторирала во 1993година на истиот факултет со одбрана на докторската дисертацијана тема „Латинизите во македонскиот јазик“.

Во 1961 година била избрана за асистент по латински јазик на Катедрата за класична филологија]] на Филозофскиот факултет во Скопје, во 1972 година за лектор, а во 1978 година за предавач на истата катедра. Во 1982 година се здобила со звањето виш предавач, а во 1994 година со звањето вонреден професор по нормативна латинска граматика. Проф. д‐р Љубинка Басотова во 1999 година била избрана за редовен професор на Институтот за класични студии на Филозофскиот факултет. Како универзитетски наставник изведувала настава по предметите Морфологија на латинскиот јазик и Синтакса на латинскиот јазик за студентите од Институтот за класични студии и по предметот Латински јазик за студентите од институтите за историја, историја на уметноста со археологија, како и од групите за романски јазици и литература и од групата за општа и компара‐тивна книжевност од Филолошкиот факултет во Скопје.

Покрај педагошката и научната дејност на Филозофскиот факултет, проф. д‐р Љубинка Басотова била раководител на Институтот за класични студии (два мандати), ја вршела должноста на продекан за настава на факултетот, била потпретседател на Факултетскиот совет и др. Во богатата општествена активност на проф. д‐р Басотова се вбројувле и претседателство или членство и ангажмани во повеќе асоцијации, тела, културни манифестации, невладини организации, како: претседател на Друштвото на класични филолози на Македонија (два мандати), потпретседател и член на Претседателството на Сојузот на друштва по странски јазици (повеќе мандати), претседател на Управниот одбор на меѓународната асоцијација „Македонски духовни конаци “, уредник на списанието за култура и наука „Портал “, член на повеќе комисии во Министерството за култра, почесен член на [[Друштвото на писателите на Македонија,член на друштва за пријателство помеѓу Р Македонија и други пријтелски земји (Русија , Украина , Франција , Хрватска ), а извесен период (2001 – 2009) била член на Извршниот одбор на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ (ЕСЕ).

Научна дејност

уреди

Долгогодишната научна дејност на проф. д‐р Љубинка Басотова повеќекратно евалуирана на повеќе рамништа, а била презентирана во повеќе научни трудови, статии и прилози, објавени во научни и стручни списанија, во предавања и реферати на меѓународни и домашни симпозиуми, конгреси и научни собири (Хрватска, Италија, Русија, Грција). Научниот интерес на проф. Басотова не бил фокусиран само во областа на класичната филологија, туку предмет на нејзини истражувања биле и теми од областа на историјата, книжевноста, македонистиката. Особено значаен придонес во развојот и унапредувањето на наставата по латински јазик и во учебникарството во нашата држава проф. д‐р Љубинка Басотова остварува како автор и соавтор на по‐ веќе учебници по латински јазик. Овие учебници ги ползуваат повеќе генерации средношколци во Македонија и, благодарение на методолошки успешно одбраниот пристап и разнородните содржи‐ ни, ги збогатуваат своите знаења од областа на јазикот, но и ја збогатуваат својата општа култура и писменост. Својата континуирана посветеност на афирмацијата и подигањето на квалитетот на наставата и нивото на знаењата на младите по класичните јазици проф. д‐р Љ. Басотова ја артикулира и преку несебичниот ангажман во востановувањето и организирањето на годишните републички натпревари по латински и старогрчки јазик, што прерасна во традиција, којашто трае веќе педесетина години. Проф. д‐р Љубинка Басотова на пошироката културна јавноство Република Македонија ѝ беше позната како врвен класичен филолог, како долгогодишен педагог, но пред сè како автор на многубројни извонредно успешни преводи и препеви од латински и старогрчки јазик на дела од хеленската и римската културна ризница. Благодарение на нејзиниот преведувачки фанатизам, што траеше со повеќедецениски континуитет и со ретка посветеност и страст, на македонски јазик биле приопштени и објавени култни дела, коишто претставуваат темелници на европската книжевна традиција, а токму преводите и особено препевите на проф. д‐р Љ. Басотова од старогрчки, класичен и средновековен латински јазик на најдобар можен начин потврдуваат дека македонскиот јазик располага со капацитет со него да се преточат и да се доловат естетските достоинства на делата од врвните мислители и уметници на античката култура. Како посебна доблест на препевите на проф. д‐р Басотова се издвојува исклучителниот напор вложен во креативен уметнички подвиг стиховите на Софокле, Вергилиј, Овидиј, Хоратиј, Лукретиј и други антички автори да прозвучат во оригиналната метричка стапка. Ваквите преводи и препеви претставуваат вистински монументи на естетските изразни можности на нашиот јазик. Од друга страна, проф. д‐р Басотова ѝ овозможила на македонската читателска публика ексклузивна прилика да ги чита стиховите на Константин Миладинов и Анте Поповски во препев на латински јазик.

Библографија

уреди

•1966 - Ѓузепе Верди, Реквием, превод од латински, Македонска филхармонија, Скопје.

•1972 - „Одбрана лирика“, препев од латински јазик, Студентски збор,јануари, 1972.

•1974 - „Нашите краишта и луѓе во биографијата на Скендербег од Марин Барлети“, Историја, списание на историските друштва на СР Македонија 1, 295‐308.

•1976 - „Прличев и класиката“, Нова Македонија, 15.II. 1976.‘Значењето на класичното образование денес“, Нова Македонија 25.VII. 1976.

•1978- „Обид за интензивирање на наставата по латински јазик во средните школи“, ЖА 28.1‐2, 395‐398.

•1981 - „Историографски извори’, преводи од старогрчки и латински на македонски, во: Андонов‐Полјански, Х. (уред.), Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и национална држава,том I: Од населувањето на Словените во Македонија до Првата светска војна]], Факултет за филозофско‐историски науки, Универзитет „Кирил и Методиј“, Скопје. xxxviii

• „Документи на грчки јазик со напореден македонски превод“, превод од грчки јазик, во Миљковиќ‐Пепек, П. Вељуса: манастир Св. Богородица Милостива во селото Вељуса крај Струмица, Факултет за филозофско‐историски науки, Универзитет „Кирил и Методиј“, Скопје.

•1982 -„Солунските браќа и догмата на тријазичниците“, Културен живот 6, 28‐30.

• 1983 -„За драмолетот ‘Сербија шатаетсја в земељ своих’ од Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, Прилози = Contributions. Македонска академија на науките и уметностите. Одделение за лингвистика илитературна наука, кн. VIII, 1‐2, 81‐88.

• Цицерон, Марк Тулиј, Философски расправи – За пријателството, За староста, За презирот кон смртта, превод од латински и белеш‐ки, Македонска книга, Скопје.

• 1986 ‘За драмолетот ‘Сербија шатаетсја в земељ своих’ од Јордан Хаџи Константинов – Џинот’, ГЗбФф 13 (39), 221‐227.

• „Хомеровата пролепса во Прличевиот „Скендербег“, во: Конески Б. и др. (уред.) Животот и делото на Григор С. Прличев (Зборникна трудови од Симпозиумот посветен на животот и делото на Григор Прличев, одржан од 10 до 11 мај 1985 год. во Скопје), Институт залитература, Филолошки факултет, Скопје, 128‐137.1987

• Латински јазик за III година, културолошка струка (заедно со Д. Чадиковска), Просветно дело, Скопје.

• 1988 - „Летописот’ на попот Дукљанин како извор за македонската средновековна историја и исчезнатите месни имиња како извор за xxxix историјата на Македонија“, во: Мошин В. и Славева Л. (уред), Споменици за средновековната и поновата историја на Македонија, том V, Институт за истражување на старословенската култура, Прилеп,121‐136.

• Латински јазик за III година, културолошка струка (заедно со Д. Чадиковска), Просветно дело, Скопје.

•1989 - „Pro magistro suo: за прометодиевската активност на Климент Охридски“, во: Матевски М. и др. (уред.), Климент Охридски и улогата на охридската книжевна школа во развитокот на словенската просвета: материјали од научен собир одржан во Охрид од 25 до 27 септември 1986 година, [[Македонска академија на науките и уметностите,Скопје, 21‐24.

• „Некои актуелни аспекти на општествената свест во античкиот [[Рим“, во: Темков К. (уред.), Самоуправна култура: материјали од научен собир одржан на Филозофскиот факултет во Скопје на 23 март, 1988 година, Универзитет „Кирил и Методиј“, Филозофски факултет,Скопје, 169‐174.

• Латински јазик за III година, културолошка струка (заедно со Д. Чадиковска), Просветно дело, Скопје (второ издание).

• „Избор, превод и белешки на словенски и латински извори“, во:Сведоштва за Кирил и Методиј: словенски и латински извори (заедно со Угриновска‐Скаловска Р.), Мисла, Скопје.

•1990 - Софокле, Антигона, Филоктет, препев од старогрчки, Мисла, Скопје.

Еразмо Ротердамски, Пофалба на лудоста, превод од латински и белешки, Култура, Скопје.

• Латински јазик за III година: културолошка струка (заедно со Д. Чадиковска), Просветно дело, Скопје. xl

• 1991- „Антиката како инспирација во драмскиот опус на Јордан Хаџи Константинов ‒ Џинот“, во: Илиевски П. Хр. и Митевски В. (уред.), Грчко‐римска антика во Југославија и на Балканот (Прилози од 5‐тиот Научен собир на Сојузот на друштвата на антички студии на Југославија, одржан во Скопје од 26 до 29 септември 1989 год.), ЖА Посебни изданија IX, Скопје, 85‐90.

• ‘Квинт Хоратиј Флак, ‘Поетска уметност’, препев од латински’,Спектар 17, 105‐119.

• 1992- Латински јазик за I година на гимназиите (заедно со Д. Чадиковска) Просветно дело, Скопје.

• 1993 - Латински јазик за II година (заедно со Д. Чадиковска), Просветно дело, Скопје.

• 1994 - „За Civitas dei на блажени Августинʹ, Домострој 5, 52‐56.

• „Рецепција и адаптација на лексика од латинско потекло во македонскиот јазикʹ, ЖА 44, том. 1‐2, 139‐150.

• „Sancta sedes Apostolica Romana pro causa Sanctorium fratrum Thessalonicensium Cyrilli et Methodii’, ГЗбФф 21 (47), 169‐172.

• „Патиштата за продир и фонетска и акцентска адаптација на латински и неолатински лексеми во македонскиот јазикʹ, ГЗбФф 21 (47), 173‐181.

• „Преводи од античка класична литература на македонски јазикʹ, Културен живот 39. 1 (јануари‐март), 10‐13.

Кикерон, Говори против Катилина (Катилинарија), превод, предговор и белешки, Метафорум, Скопје. xli

• „Maeror austri“, препев на „Т’га за југ“ на латински јазик, во: Тодоровски Г. (уред.), Константин Миладинов, Тāга за југ: Poliglotta, Редакција „[[Детска радост“, НИП Нова Македонија, Скопје, 40.

• 1995 „Кипријан Картагински, За доброто од трпението, превод од латински’, Домострој 9‐10, 130‐143.

• Латински јазик за I година на гимназиите (заедно со Д. Чадиковска), Просветно дело, Скопје.

• 1996-Квинт Хоратиј Флак, За поетската уметност, препев од латински јазик, Мисла, Скопје.

• Еразмо Ротердамски, Пофалба на глупоста, превод од латински и белешки, Детска радост, Скопје.

• 1997-Аврелиј Августин, За државата Божја, превод од латински, Култура, Скопје.

• 1998-‘Ајнеида/ Публиј Вергилиј Марон, препев и поговор’, Стремеж 3‐4, 3‐29.

• Витрувиј, Десет книги за архитектурата, превод од латински, Зумпрес, Скопје.

Квинт Куртиј Руф, Историја на Александар Македонски, превод од латински, Патрија, Скопје.

• 1999 -‘Односот на Цар Самуил кон соседите’, Balcanoslavica 26/27, 119‐130. xlii

• 2000-Гај Јулиј Кајсар, Белешки за галската војна, превод од латински (заедно со В. Софрониевски), Три, Скопје. Јустин, Филиповата историја, превод од латински, Патрија, Скопје.

• 2002 - Публиј Овидиј Насон, Преобразби, препев од латински, Три, Скопје.

• Initium latinitatis: Латински јазик за I година за реформираното гимназиско образование, Просветно дело, Скопје.

• Latine discimus: Учебник по латински јазик за II година за реформираното гимназиско образование, Просветно дело, Скопје.

• 2003 Кикерон, Философски расправи: За крајностите на доброто и злото. Тускулански расправи, превод од латински, Три, Скопје.

• Кратки блескави мисли (Breves vibrantesque sententiae), избор и превод од латински, Три, Скопје.

• Еразмо Ротердамски, Пофалба на глупоста, превод од латински, Три, Скопје.

• ‘Препев на две песни од неодамна починатиот истакнат македонски поет и културен деец Анте Поповски’, препев на латински јазик, Систасис 3 (http://www.systasis.org).

• 2004-Auctores Romani: Латински јазик за IV година, реформирано гимназиско образование: продолжително изучување, јазично‐уметничко подрачје, Просветно дело, Скопје.

• Latinitas: Латински јазик за III година, продолжително изучување, гимназиско образование, Просветно дело, Скопје. xliii

• 2005 - Такит, Анали, превод од латински јазик и поговор, Три, Скопје.

• 2006 - Лукретиј Кар, За природата на нештата, препев од латински јазик, Култура, Скопје.

• ‘Овидиј Насон ‒ преобразби / препев од латински Љубинка Басотова, Портал 19/20, 102‐103.

• 2007 - ‘Memorandum est’, Портал 21/22, 67.

• 2008 - Аврелиј Августин, За државата божја, кн. VI‐X, превод од латински јазик, Култура, Скопје.

• Барлети Марин, Скендербег: животот и делата на епирскиот владетел, превод од латински и белешки (кн. I‐VI и XI‐XII), Култура, Скопје.

• ‘Метатекстуалноста кај Лукретиј, Вергилиј и Овидијʹ, во Томовска В. и Мартиновски В. (уред.), Метаморфози и метатекстови: Зборорник трудови од научната работилница одржана на 11. V. 2007, Друштво на класични филолози „Антика“, Друштво за компаративна кни‐евност на Македонија, Скопје, 75‐82.

• 2009 - ‘Латинизмите во македонскиот јазикʹ, Портал 25/26, 10‐11.

• ‘Антиката како инспирација во драмскиот опус на Јордан Хаџи Константинов ‒ Џинот‘, Портал 25/26, 29‐33.

• 2010 -Древни митови, Матица македонска, Скопје, 2010. xliv

• ‘Translationes Macedonicae auctorum Romanorum’, во: Sofronievski V. (ed.) Aeternitas antiquitatis: Proceedings of the Symposium Held in Skopje, August 28th, ACPh Antika & Faculty of Philosophy in Skopje, 1‐6.

•2011- Еразмо Ротердамски, Пофалба на глупоста, превод од латински ибелешки, Матица македонска, Скопје.

• 2012 - Римска поезија, препев од латински и белешки, Панили, Скопје.

• ‘Vita memoriae’, Портал 31/32, 91‐92.

• 2013 - Корнелиј Такит, Истории, превод од латински јазик, Панили, Скопје.

Римска лирика/ Хорациј Ars poetica, препев од латински јазик, Конгресен центар/Макавеј, Скопје.

• 2014 - Аврелиј Августин, Исповеди, превод од латински јазик, Три/Арс Ламина ‐ публикации, Скопје.

• Публиј Овидиј Насон, Метаморфози, препев од латински јазик, Конгресен сервисен центар/ Макавеј, Скопје.

• Публиј Вергилиј Марон, Енеида, препев од латински јазик Конгресен сервисен центар/ Макавеј.

• 2015 [[Софокле, Драми: Кралот Едип, Антигона, Електра, Филоктет, Едип на Колон, препев од старогрчки на Антигона и Филоктет, Арсламина – публикации, Скопје.

• Аврелиј Августин, Исповеди, превод од латински јазик, Три/Арс Ламина ‐ публикации, Скопје.xlv

• Препеви од латински јазик на избрани стихови од Лукретиј, Катул, Вергилиј, Хоратиј, Тибул, Пропертиј и Овидиј во: Дуев Р. и др. (уред.), Антологија на светската поезија преведена на македонскијазик, том 1: XX век пр. н.е. – IV век н.е., од Енума Елиш до Авсониј, Арс ламина – публикации, Скопје, 423‐524.

• 2017-‘Vates divina’, во: Христова‐Јоциќ С., Уривање на звукот, С. Андреевски, Богданци ‒ Софија, 83‐91.

• 2018 - Публиј Вергилиј Марон, Пастирски песни – ратајски песни, препев од латински јазик, Силсонс, Скопје.

• 2019 - Публиј Овидиј Насон, Хероиди, препев од латински јазик, Силсонс, Скопје.

Награди и признанија

уреди

За своите научни, преведувачки, педагошки и општествени ангажмани и достигнувања проф. д‐р Љ. Басотова била добитник на повеќе награди и признанија: • Орден за заслуги за народот со сребрена ѕвезда, доделен од претседателот на СФРЈ (1981),

• награда „Ванѓа Чашуле“ за преводот од латински јазик на делото За државата божја на Августин (1997),

• награда „Григор Прличев“ за препевот од латински јазик на Вергилиевата Ајнеида (1999).

•За нејзиниот севкупен преведувачки опус била наградена со наградата „Кирил Пејчиновиќ“ (2001), а истата година од Здружението на литературни преведувачи ѝ е доделено високото признание „Мајстор на литературниот превод“.

• Добитник е и на повелбата „30 Септември“ во чест на Светскиот ден на литературните преведувачи, востановен од УНЕСКО.

• Во 2006 година е одликувана со највисокото државно признание, наградата „11 Октомври“,

• во 2011 година ја добила наградата на Градот Скопје „13 Ноември“.[2].

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Басна“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 231. Text "series " ignored (help)
  2. [Здружение на класични филолози АНТИКА-/Exegi monumentum aere perennius Зборник во чест на Елена Колева, Љубинка Басотова и Даница Чадиковска, по повод 85 години од нивното раѓање, Сиистасис Посебно издание 5 Скопје, 2019/ Љубинка Басотова]