Евгенија Шуплинова
Евгенија Шуплинова — македонска поетеса, раскажувач и преведувач.
Животопис
уредиЕвгенија е родена на 9 јуни 1930 година во с. Тополчани во околината на Прилеп. Работела како новинар и уредник во „Колибри“[1] („Нова Македонија“), „Млад борец“ и „Стопански весник“. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1962 година.[2]
Книжевно творештво
уреди- Грешница (поезија, 1960)
- Тагата на црвениот каранфил (поезија, 1962)
- Три облачиња (раскази за деца, 1964)
- Сончева патека (поезија за деца, 1969)
- Ана и пеперугата (раскази за деца, 1969)
- Сонце на детските дланки (раскази за деца, 1970)
- Цинцилин (поезија за деца, 1972)
- Празник во градината (1975)
- Септемвриско ѕвонче (поезија за деца, 1982)
- Грешница (нови песни љубовна поезија, 1992)
- Зелено пладне Пелагонија (поезија, 1993)
- Моливчето го боли срце (поезија и раскази, 1994)
- Неспокој (2003)
Наводи
уреди- ↑ НМ (2020-12-29). „Од перото на уредниците на „Колибри": Евгенија Шуплинова, Перо Миленкоски и Наум Попески“. Нова Македонија. Посетено на 2023-11-18.
- ↑ Евгенија Шуплинова
Надворешни врски
уреди- Евгенија Шуплинова Архивирано на 4 март 2016 г. — портал „Стар Прилеп“