Стефка Филипова-Рајна
(Пренасочено од Стефка Филипова - Рајна)
Стефка Филипова-Рајна (21 октомври 1922, во с. Лешко, Горноџумајско — 29 јануари 1944, Лисија, Горноџумајско) — учесничка во НОД во Пиринска Македонија.[1]
Стефка Филипова-Рајна | ||
Родена | 21 октовмри 1922 с. Лешко, Горноџумајско | |
---|---|---|
Починала | 29 јануари 1944 Лисија, Горноџумајско | |
Занимање | учесничка во НОД во пиринскиот дел на Македонија |
Животопис
уредиСтефка Филипова-Рајна била учесничка во НОД во пиринскиот дел на Македонија. Од самиот почеток на оружената борба вршела курирски должности за Горноџумајската партизанска чета. Била во редовите на Горноџумајскиот партизански одред „Никола Калапчиев“ (од 1943) и учествувала речиси во сите борби што ги водел одредот.
Наводи
уреди- ↑ Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1551. ISBN 978-608-203-024-1.