Цвета Котевскамакедонски преведувач.

Животопис

уреди

Котевска е родена на 21 април 1923 година во Прилеп. Гимназија завршила во Скопје, а дипломирала на Философскиот факултет во Белград. Од 1949 г. работела како новинар во Радио Скопје, потоа во Радио Белград, во Радио Југославија и, како уредник на културната рубрика на „Југословенски преглед“ во Белград. Во 1959 г. станала уредник, а потоа и главен уредник, на издавачкото претпријатие „Народна книга“.[1]

Творештво

уреди

Котевска преведувала од француски, македонски и бугарски јазик на српски јазик. Таа е автор на преводи на неколку десетици книги од македонски автори, меѓу кои и на следниве: „Лозје“ (1969), „Црква“ (1988) и „Дневник по многу години“ (1989) од Блаже Конески; „Шеќерна приказна“ (1961), „Оковано јаболко“ (1979), „Две Марии“ (1989), „Омарнини“ (1973), „Миракули на грозомората“ (1986) и „Рулет со седум бројки“ (1989) од Славко Јаневски; „Зрна“ (1975), „Молњи“ (1978) и „Клучеви“ (1984) од Радован Павловски; „Сребрени снегови“ (1973), „Вљубениот дух“ (1976) и „Бабаџан“ (1990) од Живко Чинго, „Разбој“ (1973) од Владо Малески; „Селани и војници“ (1977) од Методија Фотев; „Песни“ (1974) од Јован Котески, „Белото Циганче“ (1968) од Видое Подгорец и др. исто така, врз основа на нејзините преводи, играни се драми од Живко Чинго, Горан Стефановски, Јордан Плевнеш, и други автори. Заедно со Ефтим Клетников, Котевска ја објавила „Антологијата на современата македонска поезија“ (1985). Најпосле, таа превела на српски јазик избори од творештвото на повеќемина македонски писатели, меѓу кои „Избрани дела“ од Блаже Конески во четири тома. Котевска е добитник на наградата „Златно перо“ за најдобар превод на Преведувачките средби во Тетово, на наградата на КПЗ на Србија и на други признанија за Книжевно творештво и преведувачка дејност[2].

Наводи

уреди