Олга Наумовска
македонска глумица
Олга Наумовска (6 мај 1927 во Прилеп — 15 јули 1999, Битола) — македонска глумица, првенка на Народниот театар во Битола.[1]
Олга Наумовска | ||
Родена | Олга Наумовска 6 мај 1927 Прилеп, Кралство СХС | |
---|---|---|
Починала | 15 јули 1999 Битола, Македонија | (возр. 72)|
Националност | Македонка | |
Народност | Македонка | |
Занимање | глумица |
Животопис
уредиСо своите творби на силни драмски ликови подеднакво била успешна во античкиот, класичниот и во современиот репертоар. Две години настапувала и во Народниот театар во Прилеп.
Театарски улоги
уреди- Јокаста („Цар Едип“);
- Медеја (Андромаха),
- Антица во истоимените пиеси;
- Маргарита („Дамата со камелии“);
- Марта („Кој се плаши од Вирџинија Вулф?“);
- Настја („На дното“) и др.
Нејзини се и монодрамите „Како да те чујам кога водата тече“, „Добра ноќ мајко“ и други.
Филмографија
уредиГодина | Филм | Улога |
1971 | Македонскиот дел од пеколот | / |
1973 | Залез над езерската земја ТВ-серија | Теодора |
1984 | Другарувања ТВ-серија | учителката |
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Наумов“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1026. Text "series " ignored (help)
Надворешни врски
уреди- Олга Наумовска на Семрежната филмска база на податоци (англиски)