Билјана Минчева-Шукарова

македонска универзитетска професорка

Билјана Минчева-Шукарова (19 јануари 1948 во Скопје) — македонска универзитетска професорка по физичка хемија.[1]

Билјана Минчева-Шукарова
Родена Билјана Николова
19 јануари 1948
Скопје, СФРЈ СФР Југославија
Националност Македонка
Занимање универзитетски професор

Животопис

уреди

Дипломирала физичка хемија на Природно-математичкиот факултет во Белград, а тука и магистрирала(1974). Докторирала (1982) на Одделот за физика на Кингс Колеџ во Лондон. Од 1972 година е на работа на Институтот за хемија на ПМФ во Скопје. Изведувала додипломска и постдипломска настава по предмети од областа на физичката хемија. Научната работа ѝ е од областа на раманската и инфрацрвената спектроскопија, а предмет на изучување ѝ се разни полиморфони форми на мраз, потоа клатрати, глини, минерали и други цврсти супстанци. Во поново време е носител на примената на недеструктивни методи за испитување на состојки во музејски и археолошки објекти. Објавила над 60 научни трудови (во земјата и во странство), а на научни манифестации презентирала деведесетина пленарни и секциски предавања и соопштенија. Била раководител и член на истражувачки тимови на повеќе домашни и меѓународни научноистражувачки проекти. Повеќепати била на студиски престои во странство (најдолго во Велика Британија). Била раководител на Заводот за физичка хемија на Институтот за хемија при ПМФ во Скопје.

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Миокази“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 957. Text "series " ignored (help)