Емилија Џипунова

македонска балерина

Емилија Џипунова (р. 30 јануари 1935 во Велес) — македонска балерина и балетски критичар.

ЖивотописУреди

Го завршила Балетското училиште во Скопје во класата на Ѓ. Македонски и Н. Кирсанова, напоредно со гимназијата. Апсолвирала на Филолошкиот факултет во Скопје. Член е на Балетот при МНТ во периодот 1949-1974.[1]

КариераУреди

Џипунова припаѓа на првата генерација македонски балерини. Таа започнала да се занимава со балет на возраст од 13 години. Како солистка, за првпат настапила во 1949 година, во првата целовечерна балетска претстава „Бахчисарајска фонтана“. До пензионирањето во 1975 година, таа учествувала во сите балетски претстави, именувана како „истакнат солист“. Настапувала како солистка во над 30 балети поставени на сцената на МНТ, а нејзините улоги биле високо вреднувана од критиката. Исто така, таа настапувала и во балетските сегменти од повеќе опери, поставувани на сцената на МНТ.

По пензионирањето, Џипунова продолжила да ги следи балетските случувања во Македонија, објавувајќи критики во дневните весници и во повеќе списанија. Таа е автор на текстот и раскажувач на телевизиски серии од областа на балетот, а напишала и над 70 лексикографски одредници за балетската уметност во повеќе енциклопедии. Најпосле, Џипунова е автор на две книги: „Македонската балетска сцена“ и „Балетот како врвна естетика на играта“.

НаградиУреди

Џипунова е добитник на повеќе награди и признанија од институциите во кои работела, а носител е и на „Орден на трудот со златен венец“, доделен од страна на претседателот на СФРЈ. Во 2015 година, за својот придонес во развојот на македонскиот балет, Џипунова ја добила наградата „Менада“.[2][3]

НаводиУреди

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Џикова“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1640. Text "series " ignored (help)
  2. „Менада за достигнувања во областа на танцот за Емилија Џипунова“, Утрински весник, година XVI, број 4754, вторник, 7 април 2015, број, стр. 14.
  3. „Наградата „Менада“ за Емилија Џипунова“, Дневник, година XIX, број 5736, вторник, 7 април 2015, број, стр. 19.
  4. НМ (2018-12-08). „Врачена државната награда „Свети Климент Охридски". Нова Македонија. Посетено на 2019-07-24.
  5. „ИЗБРАНИ ДОБИТНИЦИТЕ НА НАГРАДАТА „13 НОЕМВРИ" НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА 2021 ГОДИНА“. Град Скопје. 1 ноември 2021. Посетено на 2 ноември 2021.