Нада Николова
Нада Бутникошарова Николова (Војница, 21 јануари 1919 ― Војница, 16 декември 1942) ― македонска револуционерка и партизанка, организатор на женското и на синдикалното движење во Велес (1939), член на КПЈ од 1940 година и активен учесник во подготовките за оруженото востание, почнувајќи од 1 април 1941 година. Нејзината куќа била засолниште за голем број илегалци од Македонија и место на првата партиска печатница во Велес. Прогонувана од Бугарите, во 1942 година заминала во Партизанскиот одред „Димитар Влахов“ и учествувала во повеќе борбени дејствија. Загинала во судир со бугарската полиција.
Нада Николова | |
---|---|
Слика од Нада Бутникошарева | |
Роден(а) | Нада Бутникошарева Николоа 21 јануари, 1919 Војница, Кралство Југославија |
Починал(а) | 16 декември, 1942 (возр. 23) Војница, Бугарска фашистичка окупирана Македонија |
Почивалиште | Велешката костурница |
Наводи
уреди- Македонска енциклопедија (прва книга). МАНУ, Скопје 2009 година.