Елица Манева
Елица Манева (Битола, 1 декември 1947) — македонски археолог и универзитетски професор[1].
Животопис
уредиМанева е родена во Битола на 1 декември 1947 година. Дипломирала археологија на Филозофскиот факултет во Белград во 1972, магистрирала во 1977 од областа на античката археологија, а докторирала во 1991 година на Филозофскиот факултет во Скопје на тема од областа на средниот век. Од 1973 до 1983 година работела како кустос во Заводот и музеј Битола, а од 1983 година како професор по средновековна археологија и ранохристијанска археологија на Институтот за историја на уметноста и археологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Вршела научни истражувања на антички и средновековни наоѓалишта (Хераклеја, Битола, Струмица, Демир Капија и др. наоѓалишта во Средното Повардарје). Уредник е на научното списание „Folia Archeologica Balkanica“ на Филозофскиот факултет.
Библиографија
уреди- Хераклеја: Неколку типови и форми на елинистичка и римска керамика од Хераклеја, Битола, 1977;
- Средновековен накит од Македонија, Скопје, 1992;
- Целосен список... Архивирано на 4 април 2016 г.
Наводи
уреди- ↑ „Археолози“. Скопско Кале. Архивирано од изворникот на 2012-04-17. Посетено на 2010-05-18.
Надворешни врски
уреди- Манева на страната на Филозофскиот факултет