Вангелија Десподова

македонски филолог

Вангелија Десподова (р. 16 јануари 1941 во Галишта) — македонски филолог и научен советник во Институтот за старословенска култура од Прилеп, која што во моментов е во пензија.[1]

Вангелија Десподова
Родена 16 јануари 1941
Галишта, Грција
Националност Македонка
Занимање филолог

Животопис

уреди

Вангелија Десподова е филолог и научен советник во Институтот за старословенска култура од Прилеп во пензија. Таа како дете бегалец живеела во Чехија од 1948-1958. Таму го завршила основното образование и класична гимназија. Во 1958 година доаѓа во Скопје каде што дипломирала на катедрата за славистика на Филолошкиот факултет (1963). Магистратурата, која ја завршила на истиот факултет ѝ била на тема: „Лексиката на Добромировото евангелие“ (1973), додека докторатот на темата: „Јужнословенскиот полн апракос“ (1981). Од 1964 до 1986 година била асистент, научен и виш научен соработник во Институтот за старословенска култура во Прилеп. Била повеќегодишен лектор на Семинарот за македонски јазик, литература и култура во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а една година и лектор по македонски јазик на Летната школа на Универзитетот во Загреб. Била член на Македонскиот славистички комитет (1983-1993), Балканолошкиот совет при МАНУ и Редакцијата на списанието „Balcanoslavica“. Објавени ѝ се 160 стручни и научни трудови, од кои 15 монографии (самостојно или како соавтор).

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Деспотов“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 457. Text "series " ignored (help)