Виолета Ачкоска
Виолета Ачкоска (Охрид, 9 април 1954) — македонски историчар и универзитетски професор [1] во пензија.[1]
Виолета Ачкоска | ||
Животопис
уредиАчкоска е родена во Охрид на 9 април 1954 година. Во 1977 година дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје, група Историја. На истиот факултет магистрирала во 1988, докторирала во 1993 со тезата „Аграрот и селото во Македонија 1945-1955 година“. Во 1978 се вработува во Марксистички центар „Мито Хаџи Василев –Јасмин“ како стручен соработник од областа на современата историја. Во 1989 преминува во Институтот за национална историја во одделението за најнова историја, а од 1998 се вработува како доцент на Филозофскиот факултет во Скопје, на Институтот за историја.[2] Водела неколку домашни и учествувала во неколку странски и домашни проекти.
Научниот интерес и досегашните објавени трудови на Ачкоска може условно да се подели на неколку научни области:
- Историја на Македонија и македонскиот народ, при што поголемиот број на трудови се однесуваат на аграрната и економската историја, потоа на политичката историја (меѓуетничките односи и репресијата во комунизмот), историјата на образованието и културната историја.
- Методологијата на историската наука
- Методиката на наставата по историја
Ачкоска е еден од историчарите кои се најгласни за спроведување на лустрацијата и расчистувањето со комунистичкото минато на Македонија. [3] Ачкоска во својот историски наратив претставува ставови дека Југославија не била добра држава за Македонскиот народ и македонските патриоти, бидејки тие страдале од негативните политики на федеративната власт, Јосип Броз Тито и неговите соработници во Македонија.[2] Според нејзините тврдења, спротивно на волјата на мнозинството партизани тие биле пратени на Сремскиот фронт да учествуваат во финалните борби за ослободување на Југославија, наместо да пробаат да ги обединат Вардарска, Егејска и Пиринска Македонија преку напад на градот Солун.
Водела неколку домашни и учествувала во повеќе странски и домашни проекти. Објавените трудови и истражувања на проф. д-р Виолета Ачкоска се днесуваат на неколку научни области од современта историја: социјалната историја, политичката историја (меѓуетничките односи и репресијата во комунизмот), историјата на образованието и културната историја. Истовремено видлив обем заземаат нејзините трудови од областа на Методологијата на историската наука и Методиката на наставата по историја. Во рамките на своите научни постигања, отворила некои табу теми во македонската историографија (колективизацијата на македонското село, задолжителниот откуп, ревизијата на доделувањето земја на некогашните колонисти, одделни аспекти на проблемот на репресијата за време на комунистичкиот режим итн.).
Таа е еден од авторите на музејската поставка во Музејот на македонската борба за самостојност и Археолошкиот музеј на Македонија по неговото вселување во новите простории.
Била член на повеќе комисии за одбрана на докторски и магистерски трудови. Во нејзините пошироки ангажмани како експерт, професор и интелектуалец била член на комисии во рамките на Универзитетот “Свети Кирил и Методиј“, член на одбори за доделување државни награди и општествени признанија, член на неколку редакции на научни списанија од областа на историската наука, водела повеќе комисии од областа на наставата по историја во рамките на Министерството за образование и наука на и Бирото за развој на образованието, учестувала во проекти на Министерството за култура и Министерството за наука образование и наука итн.
Основач е на повеќе македонски патриотски здруженија, невладини организации и фондации блиски до политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. [4] Основач и предводник е на здружението ГДОМ (Граѓанско движење за одбрана на Македонија)[5] [6] [7].
Во пензија оди како редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје, на Институтот за историја во 2019 година.
Библиографија
уредиКако автор и соавтор објавила околу 40 моногрфски и други трудови (книги и други историографски трудови, учебници и учебни помагала и групни изданија), повеќе од 100 научни статии и поголем број други стручни прилози (прикази, презентации, фељтони, интервјуа, написи во печатот, промотивни слова итн.), автор и соавтор на учебници за историја во основното и средното образование, автор и соавтор на околу 30 сценарија за документарни историски филмови и на неколку музејски концепти. Била редактор на повеќе преведени научни трудови. [8]
Некои од трудовите се:
- „Аграрната реформа и колонизацијата во Македонија (1944 - 1953)“ [9]
- „Репресијата и репресираните во најновата македонска историја“, заедно со Никола Жежов, Скопје : Макавеј, 2005.[10]
- „Предавствата и атентатите во Македонската историја“, заедно со Никола Жежов [11]
- „Осознавање на историјата“ (заедно со Даринка Петреска), Скопје, 2007.[12][мртва врска]
- „Егзодусот на македонското селанство во социјализмот“, Скопје, 2007.