Снежана Чадиковска - Анастасова

Снежана Чадиковска - Анастасова (р. 20 ноември 1950, во Скопје) — македонска истакната пијанистка, професорка по пијано и музичка публицистка. Својот прв настап на концертниот подиум го бележи во 1972 година и оттогаш е постојано присутна на македонската музичка сцена. До 1984 година е претежно солист, а потоа и пијано-придружник на голем број македонски и странски музички уметници. Има настапувано во многу музички центри во Македонија.[1]

Снежана Чадиковска - Анастасова
Родена 20 ноември 1950(1950-11-20)(73 г.)
Скопје, Република Македонија
Националност Македонка
Позната пијанистка, професорка по пијано и музичка публицистка
Занимање пијанистка, професорка

Животопис

уреди

Снежана Чадиковска - Анастасова е истакната пијанистка и професорка. Својот прв настап на концертниот подиум го бележи на 12 декември 1972 г. и оттогаш е постојано присутна на македонската музичка сцена. До 1984 г. е претежно солист, а потоа и пијано-придружник на голем број македонски и странски музички уметници. И како солист и како придружник настапува во многу музички центри во Македонија и во светот, а има реализирано повеќе снимки за продукцијата на МРТВ. Работи како професор во МБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје. Неколкупати била селектор на музичкиот дел на програмата на фестивалот Охридско лето.[2]

Наводи

уреди
  1. „Снежана Анастасова-Чадиковска“. Literatura.mk. Архивирано од изворникот на 2022-05-16. Посетено на 2020-10-05.
  2. „ЧАДИКОВСКА-АНАСТАСОВА, Снежана“. Македонска Енциклопедија. 2018-10-11. Посетено на 2020-10-01.