Десанка Миљовска
Десанка (Деса) Миљовска, родена Мириќ (Призрен, 21 мај 1918 — Скопје, 13 септември 2013) — првоборец, учесник во НОБ, професор по социологија на Филозофскиот факултет, еден од основачите на Катедрата по социологија.
Десанка Миљовска | ||
Родена | 21 мај 1918 Призрен, Косово | |
---|---|---|
Починала | 13 септември 2013 Скопје, Македонија | |
Занимање | првоборец и универзитетски професор |
Животопис
уредиМиљовска е родена во Призрен, Косово на 21 мај 1918 година, во многудетно чевларско семејство. Средното образование и учителската школа ја завршила во Белград. Се запишала на педагошката група при Филозофскиот факултет во Скопје во 1937 година, а дипломирала на Филозофскиот факултет во Белград после Втората светска војна во 1948 година, каде што и докторирала на тема „Класните сили на национално-револуционерното движење на македонскиот народ во втората половина на 19 век“ во 1962 година. Во 1950 година била избрана за доцент, а во 1962 годиназа вонреден професор. Како редовен професор по предметотопшта социологија на Филозофскиот факултет во Скопје била назначена во 1970 година. Остварила студиски престој во Париз од 1954 до 1955 и во Бостон од 1962 до 1963 година, каде што се запознала со методите на социолошките истражувања. Ги вршела функциите претседател на Советот за школство на НРМ и претседател на Советот за култура на НРМ. Била декан на Филозофскиот факултет во Скопје од 1963 до 1965 година. Објавила преку 50 научни труда од социологијата и македонската историја.[1] По кратко боледување, на 13 септември 2013 година починала во Скопје на 95 години.[2] Нејзин сопруг бил Кирил Миљовски. Мајка е на проф. д-р Јане Миљовски.
Наводи
уреди- ↑ Филозофски факултет 1946 — 1976 Скопје, 1976.
- ↑ „Почина поранешната министерка за култура Миљовска“. Архивирано од изворникот на 2014-12-15. Посетено на 2013-09-15.