Димитра Карчицка

македонска математичарка и универзитетска професорка

Димитра Карчицка (р. 2 август 1939 во Поздивишта, Костурско) — македонска математичарка и универзитетска професорка од 1984 година.

Димитра Карчицка
Родена Димитра Ламбро Карчицка
2 август 1939(1939-08-02)(85 г.)
Поздивишта, Костурско
Националност Македонка
Занимање математичар
Татко Ламбро Карчицки
Мајка Дина Карчицка

Животопис

уреди

Дипломирала на Природно-математичкиот факултет во Скопје во 1961 година, магистрирала во Белград во 1969 година, а докторирала во 1973 година на ПМФ со темата „Некои проблеми на квадратното програмирање со матрици од Леонтјев тип”. Објавила научни трудови во областа на математичкото програмирање, универзитетски учебници, скрипти за своите предавања на постдипломските студии, стручни трудови за потребите на математичките школи и за перманентното образование на наставниците. Била продекан на Математичкиот факултет (1980-1982), на ПМФ (1991-1993) и шеф на Институтот за информатика (1985-1989 и 1995-1997).[1]

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Карта“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 680. Text "series " ignored (help)