Милица Миркуловска

Милица Миркуловска (Скопје, 6 октомври 1965) — македонска јазичарка, полонистка и македонистка.

Милица Миркуловска
Родена Милица Миркуловска
6 октомври 1965
Скопје, СФРЈ (денес Македонија)
Националност Македонка
Занимање јазичарка

Животопис

уреди

Родена е во Скопје на 6 октомври 1965 година. Работи како редовен професор по полски јазик на Катедрата по полонистика при Филолошкиот факултет во Скопје. Автор е педесетина трудови од областа на полската и македонската синтакса (вклучувајќи и две книги), како и трудови за улогата на конфронтативниот метод во универзитетската настава по странски јазици. Таа исто така е и квалификуван библиограф и составувач на „Прилог на библиографијата на македонскиот јазик 2“ (2002) и „Прилог на библиографијата на македонскиот јазик 3“ (2006) во издание на МАНУ.[1]

Наводи

уреди
  1. Македонска енциклопедија. II (I. изд.). Скопје: МАНУ. стр. 958-959. ISBN 978-608-203-024-1.