Василка Ладинска
Василка Стојан Петровска Ладинска (Куманово, 2 октомври 1928 - 24 ноември 2013, Скопје) била виден македонски архитект, член на Асоцијацијата на архитектите на Македонија (ААМ), член на Академијата на архитектите при Асоцијацијата на архитектите на Македонија и добитник на наградата „Андреја Дамјанов“ во 2005 година.[1]
Василка Ладинска | ||
Родена | 2 октомври 1928 Куманово, денес Македонија | |
---|---|---|
Починала | 24 ноември 2013 Скопје, Македонија | |
Занимање | архитект |
Животопис
уредиЛадинска е родена во Куманово на 2 октомври 1928 година. Гимназија завршила во родниот град. Во мај 1954 година дипломирала со натпросечен успех на Архитектонскиот факултет при Високата техничка школа во Белград. Кариерата, до пензионирањето во 1987 година и минува во Македонија, како проектант, консултант и ревидент на голем број проекти. Проектирала и реализирала станбени, општествени и здравствени објекти.
Таа била автор или соавтор на над 130 проекти и изведени објекти, учесник на голем број архитектонски изложби и на повеќе анонимни архитектонски конкурси. Добитник е на повеќе стручни и општествени признанија, меѓу кои наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, Специјалната награда на второто Биенале на македонската архитектура, плакетата на југословенскиот весник „Борба“ за архитектура за СР Македонија и Главната награда на четвртокот Биенале на македонската архитектура. Носител е на Орден на труд со сребрен венец. Починала во на 24 ноември 2013 година.
Се занимавала и со публицистика и објавила повеќе статии во стручни списанија.
Нејзини позначајни реализации се: станбениот блок на ул. „Македонија“ во Скопје (1962), станбениот објект на ул. „Илинден“ во Скопје (1986 и 1987), гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје (1966), Комунална банка во Куманово (1964) итн.
Наводи
уреди- ↑ „Василка Ладинска - добитничка на наградата за архитектура“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2013-11-25.