Марија Шољакова
Марија Шољакова (р. 30 јануари 1947 во Скопје) — македонски анестезиолог и универзитетска професорка на Медицинскиот факултет во Скопје.[1]
Марија Шољакова | ||
Родена | Марија Ванчова 30 јануари 1947 Скопје, СФР Југославија | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Занимање | анестезиолог, професорка |
Животопис
уредиДипломирала во 1970 година на Медицинскиот факултет во Скопје, а специјализирала анестезиологија во Скопје во периодот 1972-1975 и во Лондон во периодот 1982-1983. Работела на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ). Била нејзина директорка во периодот 1995-2001.
Придонела во докажувањето на метаболниот одговор на анестезија, ги вовела методите на епидурална апликација на опиоди (1989) и комбинирани анаестезиолошки техники (1992).
Во периодот 1998-2004 била продекан на Медицинскиот факултет.
Публикувала 138 научни трудови и е автор и главен уредник на шест учебници од областа на анестезиологијата.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Школска“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1656. Text "series " ignored (help)