Билјана Јанева
македонска математичарка и универзитетска професорка од 2000 година
Билјана Јанева (моминско: Љупчова; р. 2 јули 1950 во Белград) — македонска математичарка и универзитетска професорка од 2000 година.
Билјана Јанева | ||
Родена | Билјана Љупчова 2 јули 1950 Белград, СФР Југославија | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Занимање | математичар |
Животопис
уредиДипломирала на Природно-математичкиот факултет во Скопје во 1973 година, станувајќи асистент на факултетот во 1974 година. Магистрирала на Природно-математичкиот факултет во Загреб во 1981 година, а докторирала во 1989 година на ПМФ во Скопје со темата „Некои класи полиадични полугрупи и групи”. Таа е автор или соавтор на повеќе научни трудови од областа на алгебрата, учесник во научни проекти и научни конференции со свои реферати и раководител на постдипломски студии.[1]
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Јанакиевски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 632. Text "series " ignored (help)