Виолета Панзова
Виолета Панзова (моминско: Ванчова; 2 јули 1948 - 8 април 2020) — македонски филозоф и универзитетска професорка на Филозофскиот факултет во Скопје.[1]
Виолета Панзова | ||
Родена | Виолета Ванчова 2 јули 1948 Свети Николе, Македонија | |
---|---|---|
Починала | Скопје, Македонија | |
Националност | Македонка | |
Занимање | филозоф, универзитетска професорка | |
Родители | Ванчо Зафиров | |
Роднини | Панзо Зафиров (дедо) |
Животопис
уредиПанзова е родена во Свети Николе. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје (1970), магистрирала на Филозофскиот факултет во Белград (1981), каде што и докторилала (1989). Како студент била ангажирана за демонстратор по Логика на Групата за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје. Во редовен работен однос на факултетот е од 1971 година (стажант - асистент), редовен професор (од 2000 г.) за логичката група предмети. Била раководител на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет (1995 - 1999). Објавила над сто стручни и научни трудови во домашни и странски публикации од областа на логиката, епистемологијата и филозофијата на јазикот. По овие дисциплини изведувала настава на додипломските и постдипломските студии на голем број високообразовни институции во Македонија.
Била раководител на повеќе научноистражувачки проекти, меѓу кои: „Логичка анализа и формализација на македонскиот литературен јазик“ (1992 - 1995), „Македонска логичка терминолоија“ (2000 - 2003) и други. Со својата оригинална концепција за логиката како општа теорија на рационалноста, кохерентно ги обединува различните, па дури и спротивставени значења на поимот логика. Потесен научен интерес и е примената на современата логика во анализата и дигитализацијата на природните јазици, со посебен акцент врз македонскиот јазик, за што разви нова логичка апаратура.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Панов“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1113. Text "series " ignored (help)