Симка Петровска - Јовановиќ

Симка Петровска-Јовановиќ (07 ноември 1948, во Скопје — ) — македонска .[1]

Симка Петровска-Јовановиќ
Родена Симка Ѓорѓиева
7 ноември 1948
Скопје, Република Северна Македонија
Позната а.

Животопис

уреди

Средно училиште завршила во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“, во Скопје. Во 1967/68 г. се запишала на студии по при­менета хемија на Хемискиот институт при Природно-математичкиот факул­тет, исто така во Скопје. Дипломирала во 1972 г. на Заводот за ана­ли­тич­ка хемија, под ментор­ство на проф. д-р Даринка Коцева. На постдипломски студии се запишала во 1973/74 г. на Технолошко-мета­лур­шки­от фа­кул­тет во Скопје. Магистри­рала во 1977 г. на Технолошкиот факул­тет во Скопје, каде што (под менторство на проф. д-р Тодор Тодоровски) ја одбранила својата магистерска теза "Кинетичко-катали­тичко опреде­лување на олово преку реакцијата алкална хид­ро­лиза на етилцистеинат". Докторирала во 1984 г. на Хемис­киот факултет во Скопје, бра­неј­ќи го трудот "Кине­тичко-интерферометриско опре­де­лу­ва­ње на метални јо­ни преку ката­лиза на реакцијата алкална хидро­ли­за на етил­цис­теи­нат" (ментор на дисертацијата бил, повторно, проф. д-р Тодор Тодоровски). Во 1975 г. била избрана за пом­лад асистент на Хемискиот институт на Природно-ма­тематичкиот факултет во Скопје. Во 1981 г. е избрана за асистент на Хемискиот факултет во Скопје. На Институтот за хе­ми­­ја при Природно-матема­тичкиот факул­тет во Скопје е из­брана за доцент (во 1986 г.), за вонреден про­фесор (1992 г.) и за редовен професор (1997 г.) а во истото звање преизбрана е во 2002 г. Нејзината наставна анга­жи­раност ја започнала во 1973-74 г. кога учествувала во изведувањето вежби по предметот анали­тич­ка хемија при Технолошко-мета­лур­шки­от факултет во Скопје, како хонорарен асистент. Во периодот 1975-85 г. како помлад асистент и асистент, одржувала вежби по предметот аналитичка хемија (квали­та­тив­на и кавнтитативна анализа) на Институтот за хемија, потоа на биохемиско-физиолошката насока на Институтот за биологија при ПМФ, како и со студентите од Фар­ма­цев­ски­от факултет. По потреба учествувала во изве­ду­ва­њето на вежбите од предметот анализа на технички материјали и неорганска хемија IV. Во текот на асис­тен­тски­от стаж, учествувала и во реализацијата на повеќе дипломски работи, а дел од времето била ангажирана и во изве­ду­ва­ње­то на анализи на материјали кои биле доставувани до Факултетот. Во периодот 1986-1992 г. изведувала настава по хемија на Рударско-геолошкиот факултет во Штип, по предметите општа и неорганска хемија, како и аналитичка хемија. Почнувајќи од 1990 г. до 2003 г. изведувала настава по пред­ме­тот ана­ли­тич­ка хемија, за студентите од сите насоки на Институтот за хемија при ПМФ, Скопје. Во периодот 1996-2002 г. изведувала настава по предметот аналитичка хемија, за студентите од интердис­цип­ли­нар­ните студии за инженерство на животната средина на Машинскиот факултет во Скопје. Од 2003 г. изведува настава по пред­ме­тот анали­тич­ка хемија за студентите од наставна и применета насока, како и по предметите ана­ли­тич­ка хемија I и II, за студентите од аналитичко биохемиската насока, на Институтот за хемија при ПМФ, Скопје. Од 1996 г. ја изведува наставата по предметот хроматографски методи - за студентите на постдипломски сту­дии, запишани на Институтот за хемија при ПМФ, Скопје. Глав­но­то подрачје на научен интерес и е од областа на анали­тичка­та хемија, што опфаќа воведување и развивање на анали­тич­ки методи со примена на инстру­мен­тал­ни техники. На почетокот тоа биле интерферометриските кинетички методи за определување на траги на елементи, а потоа и електрохемиски методи. Меѓутоа, во послед­ните години, главна преокупација и е, при­ме­на на високо­ефи­касната течна хроматографија при определување на пестициди и дроги од групите на кокаин и амфетамини. Од својата досегашна научна активност д-р Симка Петровска-Јовано­виќ објавила 43 печатени трудови и тоа: во списанија надвор од Македонија 10, во списанија во Маке­донија 17, во зборници на трудови надвор од Македонија 11, а во зборници на трудови во Македонија 5. Изборот на пет објавени трудови е направен според различните области кои биле од научен интерес. Д-р Петровска-Јовановиќ досе­га има презентирано вкупно 83 труда, од кои 59 надвор од Македонија, а 24 во Македонија. Објавила и 2 универзитетски учебници и 3 учебни помагала. Според ScienceCitationIndex, обја­ве­ни­те резултати од науч­ната ра­бо­та на професор Петровска-Јовановиќ се цитирани 16пати. Била рецензент на еден учебник, на 4 трудови во странски списа­ни­ја и на 6 трудови во домашни спи­са­нија. Во 1997 г. била претседател на Орга­ни­за­циониот одбор на XV конгрес на хемичарите и технолозите на Македонија. Во 1993 г., како и во 2002 г. била член на Научниот одбор на XII советување на хемичарите и техно­ло­зите на Македонија, односно на 17. конгрес на хемичарите и технолозите на Македонија. Во 1988 г. била член на Организациониот одбор на Петтиот југословенски симпозиум по аналитичка хемија, а во 1989 член на Организациониот одбор на XI сове­ту­вање на хемичарите и технолозите на Македонија. Вкупниот број на науч­но­ис­тра­жувачки проекти во кои учествувала е 11. Од нив 1 е меѓународен (билатерален со Р. Хрват­ска), во кој таа е раководител на тимот од Р Македонија. Од останатите 10 домашни проекти, на 2 била раководител, а во 8 била активен член на тимот. Биламентор на 1 кандидат за докторска дисертација, на 2 кандидати за магистерска работа и на 50 кандидати за дипломска работа. Во периодот 1993-1995 г. била раководител на Заводот за аналитичка хемија. Во периодот 1986-88 г. била секретар на Сојузот на хеми­ча­рите и технолозите на Македонија, а за успешната работа и особена активност, добила пофалница. Како резултат на повеќегодишното работење врз проблематиката на загадување на воздухот, била член на Иницијативниот одбор на Здружението за заштита на воздухот во Македонија при Републичкиот комитет за заштита на човековата околина. Учествувала и учествува во работата на многу комисии на Факултетот, а во Комисијата за нострификација на дипломи е веќе 4 мандати. Познавање на странски јазици: англиски, руски

Наводи

уреди
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-05-20. Посетено на 2019-10-16.