Славјанка Влахчева
Славјанка Влахчева (Штип, 1900 - Скопје, 4 април 1988) — прва образована медицинска сестра во Македонија. Била позната како Македонското девојче во бело[1].
Животопис
уредиВлахчева е родена во Штип во 1900 година. Го завршила Училиштето за медицински сестри на Друштвото на црвениот крст во Белград во 1924 година. Откако се вратила во родниот град, активно се вклучила во борба против маларијата. Подоцна преминала на работа во Антитуберкулозниот диспанзер во Скопје. Имала особена заслуга за воведувањето на патронажната служба и спроведувањето на бесеже вакцинацијата. Активно ја помагала НОАВМ и во борбите за ослободувањето на Скопје се приклучила во Четиринаесеттата македонска младинска НО ударна бригада „Димитар Влахов“. По Ослободувањето добила задача да основа Училиште за медицински сестри во Скопје во 1945 година и била именувана за негов прв директор. Пројавила и особена активност во Црвениот крст на Македонија. Умрела во Скопје на 4 април 1988 година[2].
Наводи
уреди- ↑ „Медицинските сестри - жени институции“. Вест. 5/16/2005. Посетено на 2009-11-23. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Умре првата медицинска сестра во Македонија, „Нова Македонија“, XLIV, 14800, Скопје, 6. IV 1988, 8