Наде Проева (Ресен, 9 септември 1949) — македонска историчарка и класицист, редовна професорка на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, при Филозофскиот факултет на катедрата за историја во Скопје. Нејзиниот научен интерес првенствено е насочен кон историјата на Античка Македонија, со своите научни трудови придонесе за развојот на историската наука, особено во делот за антиката кој долго време беше пренебегнуван од разни причини.

Наде Проева
Родена Ресен, Македонија

Животопис

уреди

Родена е на 9 септември 1949 год. во Ресен, каде завршува средно образование - гимназија. Дипломирала на античка археологија во 1973 г. на Филозофскиот факултет во Белград со тема „Четири необјавени доцноантички некрополи од околината на Прилеп“.

Од 1 декември 1973 до 1 март 1975 г. работи како кустос во Народниот музеј во Прилеп. Во јуни 1978 г. на Филозофскиот факултет во Белград ја брани магистерската тема: „Типологија на надгробните споменици во југословенскиот дел во римската провинција Македонија“, а во декември 1992 на групата за историја и докторската теза: „Влијание на доселениците на развојот на културните прилики во римската провинција Македонија“.

Од 1979 до 1981 била на специјализација во Париз, на Универзитетот Сорбона, каде што се здобила со диплома за продлабочени студии од областите епиграфика, нумизматика и религија.

Од 01.03.1984 г. избрана е со звање – предавач на Филозофскиот факултет во Скопје (Институт за историја) за предметот Историја на стариот век, а од 1993 и за доцент на предметот Историја на античките Македонци, a се пензионариала како редовен професор.

Повеќе пати била на студиски престои во странство: Полска (1977), Француска археолошка школа во Грција (од 1992 речиси секоја година), француски институт во Истанбул (1993), Австриска академија на науките (1998), Универзитети во Нанси и во Нантер-Paris X и др.

Настапувала на меѓународни научни собири во Франција, Канада, Србија Бугарија, Хрватска, Естонија, Русија, Романија, Италија, Полска држела предавања во Хрватска Словенија, Франција, Холандија.

Уредник е на  две едиции: Miscellanea Byzantino-macedoniaca (1.1 и 1.2); Historia Antiqua Macedonica (HAM no 11, при што за сите напишала предговор, забелешки, индекси, изработила карти). Во едицијата Historia Antiqua Macedonica се објавуваат книги за историјата на античките Македонци при што за сите напишала предговор, забелешки, индекси, карти, a „Историја на Аргеадите“ (2004) е прв учебник за историјата античките Македонци и  прв напишан учебник за студентите   на катедрата за Историја. За Expo 2000-Hanover ја подготвила книгата Natural and cultural monuments, Skopje, 2000. Има преведено три книги преведени од француски на македонски јазик.

Член е на редацијата на две меѓународни списaнија што излегуваат во Белград (Зборник Народног Музеја Београд) и Загреб Радови Института за хрватску Повјест, Филозофског факултета ).           .

Учествувала во ископуањата на антички и средновековни локалитети во Македонија, Србија, Полска и Грција; во проекти на Археолошки институт во Белград, на МАНУ, на САНУ и на Берлинската академина на науките. Како визитинг професор има одржано предавања на универзитетите во Франција (Нанси, Нантер-Paris X), како и низа јавни предавања за разни прашања за античките Македонци.

Постојано работи на популарицација на историската со учество во бројни радио и ТВ емисии, како и написи, прикази на книги и интервјуа во дневниот печат.

Награди

уреди

Добитник е на Орденот Витез за академски палми (Chavalier de palmes academiques) од владата на Република Франција.

Научни трудови

уреди
  • „Студии за античките Македонци“ (1997)
  • „Историја на Аргеадите“ (2004)
  • „Александар Македонски: живот и дело“ (2013)
  • „Религијата на античките Mакедонци“ (Скопје, 2014)
  • „Триптих за македонскиот идентитет“ (Скопје, 2018)
  • „Natural and cultural monuments“ (Skopje, 2000)

Надворешни врски

уреди