Вера Ацева
Вера Ацева - Доста (Ореовец (Прилепско), 24 ноември 1919 - Скопје, 10 ноември 2006) — македонски комунист, учесник во НОБ и народен херој на Југославија, прогласена на 29 ноември 1953 година.[2]
Вера Ацева | ||
![]() | ||
Роден на | 24 ноември 1919 | |
Роден во | Ореовец (Прилепско), | |
Починал на | 10 ноември 2006 (87 год.) | |
Починал во | Скопје, | |
Професија | работничка | |
Член на КПЈ од | 1940. | |
Функција | Градоначалник на Скопје | |
Мандат | 1948[1] | |
Претходник | Душко Лукарски | |
Наследник | Аспарух Каневче |
Помеѓу двете светски војниУреди
Поради лошата материјална состојба, Ацева е принудена да го прекине образованието по завршувањето на втор клас гимназија и да се вработи. Работела во тутунската индустрија.[3]
На работничкото движење му пристапува на 16 години. Станува член на КПЈ на почетокот на 1939 година. Во септември 1940 година, на Покраинската конференција, е избрана за член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Од септември 1940 до ноември 1941 година е секретар на Месниот комитет во Прилеп. Во ноември 1941 година таа заминува во Скопје и ја презема функцијата член на ПК на КПЈ.
НОВУреди
Ацева била еден од организаторите на првите прилепски партизански одреди. На почетокот од 1942 година работи во ПК КПЈ во Скопје, а потоа е партиски инструктор во Струмица, Битола и Штип. Во август 1943 година станува комесар на Шарскиот партизански одред, а кога на 11 ноември 1943 година е формирана Првата македонско-косовска бригада, Ацева е избрана за заменик-политички комесар. На таа функција е до јануари 1944 година кога станува политички секретар на Третиот и на Четвртиот областен комитет на КПМ. Во август 1944 година учествува на Првото заседание на АСНОМ, на кое е избрана во неговиот Президиум.[4]
По ослободувањетоУреди
По ослободувањето Ацева врши повеќе раководни функции. Во 1948 била Градоначалник на Град Скопје. На Петтиот конгрес на КПЈ во јули 1948 година е избрана во Централниот комитет на КПЈ.
Во март 1949 година, при реконструкцијата на Владата на НРМ, е избрана за министер за земјоделство.[5] Во Владата од 1951 година е избрана за министер - претседател на Советот за народно здравје и социјални грижи. Избрана е за член на Извршниот совет од февруари 1953 година, од декември 1953 година и од 1958 година. На 27 септември 1960 година е разрешена од должноста претседател на Републичкиот Совет за социјална политика и комунални прашања.[6] Потоа била член на Сојузниот извршен совет. Била пратеник во повеќе свикувања на Собранието на НРМ и на СФРЈ.
Во 1960 година Ацева доаѓа во судир со тогашниот секретар на Сојузот на комунистите на Македонија, Лазар Колишевски, обвинувајќи го дека заедно со Видое Смилевски - Бато ги донесува одлуките надвор од Извршниот комитет на СКМ. На седницата од 18 октомври 1960 од Белград доаѓа Александар Ранковиќ, кој застанува на страната на Колишевски. Ацева е принудена да се повлече и е преместена на работа во Белград.[7]
Во 1991 година ја објавува својата книга „Писмо до Светозар Вукмановиќ – Темпо“.
ДокументиУреди
НаводиУреди
„Вера Ацева“ на Ризницата ? |
- ↑ „Официјален портал на град Скопје“. Архивирано од изворникот на 2011-02-15. Посетено на 19 декември 2011.
- ↑ „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 57
- ↑ Darko Stuparić “Revolucionari i bez funkcija”, “Otokar Keršovani”, Rijeka, 1975, 405 str.
- ↑ Службен весник на федералната единица Македонија во Демократска и Федеративна Југославија, 1/1945, 47-48 стр.
- ↑ Службен весник на Народна Република Македонија, 35/60, 1 стр.
- ↑ Службен весник на Народна Република Македонија, 8/48, 1 стр.
- ↑ Крсте Црвенковски, Мирче Томовски „Заробена вистина“, „Култура“, Скопје, 2003, 149-151 стр.