Оливера Јашар-Настева
Оливера Јашар-Настева (25 ноември 1922 во Белград — 1 јануари 2000 во Скопје) — македонски јазичар, балканист, македонист, лексиколог и редовен член на МАНУ.[1]
Оливера Јашар-Настева | ||
Родена | 25 ноември 1922 Белград, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починала | 1 јануари 2000 Скопје, Македонија | (возр. 77)|
Националност | Македонка | |
Занимање | лингвист |
Животопис
уредиОсновно и средно образование завршила во Скопје, а матурирала во Белград. Дипломирала на Филозофскиот факултет при Скопскиот универзитет во 1949 година, а докторирала на тема „Турските лексички елементи во македонскиот јазик“ во 1962 година.
Била иницијатор за создавање на катедрите за албански јазик и литература и за турски јазик и литература, а била и шеф на Катедрата за турски јазик и литература (1976). По создавањето на овие катедри била професор по предметите албански јазик и турски јазик. Била избрана за дописен (1979) и за редовен член на МАНУ (1983) и за член на Турската академија на науките (1979).
Како сестран јазичар со широка научна наобразба и активно владеење на францускиот, италијанскиот, турскиот, албанскиот и романскиот Јазик, нејзин потесен научен интерес е балканистиката низ призмата на теоријата на контактната лингвистика.
Била раководител на Националниот комитет за проучување на Југоисточна Европа, раководител на проектот во МАНУ „Речник на турцизмите во македонскиот јазик“.
Учествувала на славистички (Прага, Варшава, Загреб), балканолошки (Палермо) и ориенталистички (Париз) конгреси.
Нејзината библиографија опфаќа околу 150 трудови. Голем придонес има во областа на лексиколошките и морфолошките студии на балканските јазици.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Јашар“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 638. Text "series " ignored (help)
Надворешни врски
уреди- „Турските лексички елементи во македонскиот јазик“ — книга на Оливера Јашар-Настева