Љубица Станковска

Љубица Станковска (Тетово, 10 февруари 1943) — македонски филолог, научен советник во ИМЈ „Крсте Мисирков“[1] и потоа во Институтот за старословенска култура во Прилеп.

Животопис

уреди

Станковска е родена во Тетово на 10 февруари 1943 година. Магистрирала на темата „Застапеноста на суфиксот -ец (-овец/-евец) во македонската топонимија“ во 1974 година, а докторирала на „Македонскиот топонимиски систем до XVI век“ во 1985 година. Научна преокупација и е македонската ономастика. Имала студиски престои во Чешка (1968), Русија (1970) и Полска (1979)[2]. Во 2003 ја добила наградата „Гоце Делчев“ за особено значајни остварувања од интерес за Република Македонија во областа на науката за трудот "Суфиксите -јб, -бјб, -ч во македонската топонимија"[3].

Библиографија

уреди

Автор е на над сто библиографски единици. Од кои позначајни се:

  • Речник на личните имиња кај Македонците, Скопје, 1992;
  • Македонска ојконимија, книга прва, Скопје, 1995;
  • Македонска ојконимија, книга втора, Скопје, 1997;
  • Топонимите со суфиксот -ица во Македонија, Скопје-Прилеп 2001;
  • Суфиксите -јь, - ьјь, -ь во македонската топонимија, Прилеп, 2002;
  • Имињата на населените места во Кумановско, Прилеп, 2003.

Наводи

уреди
  1. „Службен Весник на Република Македонија“ (PDF). 25 декември 2009. Посетено на 2009-10-27.[мртва врска]
  2. Македонска енциклопедија. II (прво. изд.). Скопје: МАНУ. ISBN 978-608-203-024-2 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).
  3. „Одборот за доделување на наградата "Гоце Делчев" ја соопшти својата одлука Лауреати на наградата се Љубица Станковска, Георги Чадловски, Гоце Петрески и Јелена ЛуЖина“. Посетено на 2009-10-27.