Милица Шперовиќ-Рибарски
македонска пијанистка и универзитетска професорка
(Пренасочено од Милица Шперовиќ - Рибарски)
Милица Шперовиќ-Рибарски (20 април 1939 во Битола) — македонска пијанистка и универзитетска професорка на Факултетот за музичка уметност во Скопје.[1]
Милица Шперовиќ-Рибарски | ||
Родена | 20 април 1939 Битола, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Занимање | пијанистка | |
Сопружник | Кирил Рибарски |
Животопис
уредиДипломирала во 1963 година на Музичката академија во Белград, во класата на В. Шкарка, каде што исто така и магистрирала во 1970 година во класата на О. Михајловиќ. Специјализирала во Париз во 1970 година во класата на А. Чиколини и В. Перламутер.
Била професорка на Факултетот за музичка уметност во Скопје во периодот 1975-2003.
Концертирала како солист и член на Дуото Рибарски во 30 земји на Европа, Азија и во Јужна Америка.
Го основала фестивалот Интерфест во Битола.
Водела мајсторски класика и била член на жири-комисии во повеќе европски земји.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шперовиќ-Рибарски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1659. Text "series " ignored (help)