Јасмина Чакар
македонска пијанистка и универзитетска професорка
Јасмина Чакар (4 јули 1939, Битола — 11 ноември 2020, Скопје)[1] — македонска пијанистка и универзитетска професорка на ФМУ во Скопје.[2]
Јасмина Чакар | ||
Родена | 4 јули 1939 Битола, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починала | 11 ноември 2020 Скопје, Македонија | (возр. 81)|
Националност | Македонка | |
Занимање | пијанистка, универзитетска професорка |
Животопис
уредиДипломирала на Музичката академија во Загреб (Д. Лукиќ, 1963 година). Магистрирала на ФМУ во Скопје (В. Крпан, 1976 година). Професор на ФМУ од 1967 година до 2003 година. Концертирала како солист и во различни состави, во Македонија и во повеќе европски земји. Особено активен и ценет пијано-соработник, со реализирани над триста концертни вечери од тој вид со домашни уметници, како и со гостувачки солисти.
Награди
уреди- „11 Октомври“, 1999[3]
- „13 Ноември“, 1979[1]
- Златна лира за животно дело, 2007[1]
- Награда за животно дело во областа на музичката педагогија, 2008
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „ПОЧИНА ПИЈАНИСТКАТА И МУЗИЧКИ ДОАЈЕН ЈАСМИНКА ЧАКАР“. Сакам Да Кажам. 11 ноември 2020. Посетено на 12 ноември 2020.
- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Чалгии“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1613. Text "series " ignored (help)
- ↑ Андоновска, Ленче; Ѓоргиевски, Науме, Николов, Благој, Огненовски, Трајко, Пешевска, Гордана, Стефановска, Анета, Талеска, Светлана (2007). Значајни личности за Битола. Битола: НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. стр. 251. ISBN 978-9989-2783-0-3.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)