Родна Величковска

Родна Величковска (Горобинци, Светиниколско, 20 февруари 1955) — етномузиколог, мелограф и научен соработник, истражувач на вокалната народна музика.[1]

Родна Величковска
Родена 20 февруари 1955
Горобинци, Свети Николе
Националност Македонка
Занимање етномузиколог, мелограф и научен соработник, истражувач на вокалната народна музика.

Животопис

уреди

Завршила средно музичко училиште и Факултет за музичка уметност во Скопје. Магистрирала на Факултетот за музичка уметност во Белград на тема „Жетварско певање у Македонији” во 2006, докторирала на тема „Музичките дијалекти во македонското традиционално народно пеење – обредно пеење”. Првин била стручен соработник-мелограф на вокалната народна музика (1980), а потоа асистент (2000) и научен соработник (2007) во Одделот за народна музика.

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Величковска“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)