Соња Абаџиева
македонска историчарка на уметноста
Соња Абаџиева (20 мај 1941 во Софија) — македонска историчарка на уметноста.[1]
Соња Абаџиева | ||
Родена | Соња Абаџиева 20 мај 1941 Софија, Бугарија | |
---|---|---|
Занимање | историчарка на уметноста |
Животопис
уредиДипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје (1965). Била кустос и директор на Музејот на современа уметност во Скопје. Автор е на 15 монографии, на повеќе од 300 изложби (Антологија на македонската ликовна уметност 1984-1994, Биенале во Венеција, Зрачења) и на книги (Длабоко дишење, 2002; Идеја-тека, 2003; Континуитет, 2004). Таа е основач и уредник на сп. „Големото стакло“. Објавува критики и теориски написи што се одликуваат со суштински одредници за современата ликовна уметност, со акцент врз значенските и аксиолошките функции на уметничките појави.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Абајов“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 2. Text "series " ignored (help)