Отвори го главното мени

Вања Лазарова - Димитрова (27 април 1930 во с. Страцин, Кратовско - 12 март 2017 во Скопје) — македонска пејачка на изворни народни песни и воопшто, доајен на македонската народна музика.[1]

Вања Лазарова
Биографски податоци
Роден(а)27 април 1930
Страцин, Кралство Југославија
Починал(а)12 март 2017
Скопје, Македонија
Жанровиизворна македонска музика

Извесно време работи во Операта при МНТ, а била член и на Државниот ансамбл на народни игри и песни „Танец“. Има испеано стотина македонски изворни народни песни, од кои најголемиот дел се снимени во продукцијата на МРТ. Има настапувано на голем број концерти на повеќе континенти. Пеела во Алберт Хол во Лондон пред британската кралица Елизабета II и премиерот Винстон Черчил. Посебен придонес има во соработката со групата „Анастасија“ при создавањето на музиката за филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски. Нејзиниот вокал е особено податлив за синтезите во етномузиката.

ДетствоУреди

Вања Лазарова е родена во музички надарено семејство. Нејзиниот татко бил пратеник од времето на Кралството Југославија. По завршувањето на учителското училиште, станала игроорка во „Танец“. Подоцна била учителка во оркестарот „Пеце Атанасовски“ каде на своите ученици им ја пренесувала љубовта кон музиката.

Музичка кариераУреди

Вања Лазарова пеела со различни фолклорни ансамбли. Била член на ансамблот на Македонската радиотелевизија, а има настапувано и со Македонската филхармонија. Таа е првата македонска пеачка која има снимено плочи за најголемите издавачки куќи Poligram и Philips. Добитник е повеќе меѓународни музички награди.

Голем е нејзиниот придонес во музиката од филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски кој доби награда „Златен лав“ на фестивалот во Венеција во 1994 г.

Продуцентската куќа „Трето уво“ ги издаде нејзините први три албуми: „Македонски традиционални љубовни песни“ - кој е дистрибуиран во Европа, Америка и Јапонија, „Ритмистика“ — во соработка со водечки македонски музички имиња и „Лулка“ - во соработка со американскиот гитарист Мирослав Тадиќ. Нејзиниот последен албум „Генофонија“ е во соработка со групата Нав.

Со маки сум се родила“, „Петро Петроленко“, „Многу ми го фалат бабо“, „Параходот ми замина“, „Легнала Ѓурѓа на рамно гумно“, „Во ливаѓе ладен извор има“ се само некои од песните кои ги има отпеано и снимено.

НаградиУреди

Вања Лазарова е добитник е на наградата:

  • „11 Октомври“ за култура и уметност во 2014 година [2]

Надворешни врскиУреди

НаводиУреди