Кераца Висулчева
Кераца Висулчева (Нестрам, Костурско, 7 април 1910 - Скопје, 13 јануари 2004) — современа македонска[1] која творела во Македонија и Бугарија.
Кераца Висулчева | |
---|---|
Портрет на Висулчева од Маргарита Христова, 2009 г. | |
Роден(а) | 7 април 1911 Нестрам, Битолски Вилает, Османлиска Империја |
Починал(а) | 13 јануари 2004 Скопје, Македонија | (возр. 92)
Образование | Ликовна академја, Софија |
Познат(а) по | сликарство, вајарство |
Правец | современа уметност, фигуративна уметност |
Животопис
уредиНабргу по нејзиното раѓање, нејзиното семејство како егејски Македонци го напушта родниот Нестрам и се сели во Бугарија. Најголемиот дел од животот Кераца Висулчева го минала во Пловдив. Во 1930 година, Висулчева се запишува на Ликовната академија во Софија. Студиите ги завршила во 1935 година.[2] Поради јавното искажување дека е Македонка, Висулчева била исклучена од Сојузот на ликовните уметници на Бугарија. На нејзиното инсистирање, во 1941 година доаѓа во Македонија и се вработува во Женската гимназија во Скопје, а во меѓувреме учествува и на неколку групни изложби. Заради одредени семејни обврски се враќа во Бугарија 1944 година и предава цртање во неколку гимназии во Пловдив, каде останува да живее сè до своето преселување во Скопје. Неколку години пред својата смрт, во 1996, таа емигрира во Република Македонија,[1] каде Министерството за култура и се оддолжи водејќи грижа за нејзиниот престој во Македонија и обезбедувајќи заштита за делата кои ги остави за Македонците и на Македонија.
Творештво
уредиЦелокупното творештво од над 500 дела (слики, пастели, акварели и скулптури) Висулчева го остави во трајна сопственост на македонската држава. Нејзината последна желба беше уметничките дела да не се продаваат, туку да останат како дел од националното богатство на Македонија. Денес тие се изложени во Ресен и Скопје.
Стилското дефинирање на целокупниот опус на Кераца Висулчева се задржува на реализмот и постимпресионизмот, со мали отклонувања кон национал-романтизмот. Нејзиното сликарство накусо се означува како сликарство на импресијата, на чувствата и душата. Позначајно од стилската определба е бескомпромисната оддаденост на уметноста и нејзините феномени: бојата, формата, светлината, цртежот. Страста кон сликањето не и дозволила на оваа борбена сликарка да стане заложник на тематски, идеолошки или содржински диктати. Напротив, поетиката на пејзажите, спокојните визури на урбаните сцени од Париз, Антиб или Авињон, сензибилитетот на балерините, дамите и капачките, наспоредни на благородните физиономии на редица значајни личности од нејзиното опкружување, укажуваат на доследност кон естетскиот принцип. Во духот на сопствената кауза и интима се реализирани и нејзините автопортрети, мајката на Никола Вапцаров, училиштето во Пиринска Македонија. Психолошкиот третман на портретираните личности го имаат својот пандан во емотивниот пристап кон раскошната архитектура на Монмартр или Мулен Руж и кон, не помалку возбудливата ерупција на, морските бранови. Повеќето актови соопштуваат длабоко почувствувана сензуалност на женските тела. Во делата Несрам, моето родно село – 1980 и Мојот роден крај – 1980, работени на седумдесетгодишна возраст (кога за првпат по неколку децении го посетува родното место), очигледно е присуството на болката, носталгијата или меланхолијата згуснати во времето, собирани со децении во една емотивна жена.[3]
Спомен музејска поставка и соба
уредиСпомен музејската поставка е сместена во Ресенскиот сарај (Сарајот на Нијази бег), кој претставува импозантен архитектонски објект со евидентна раскошна естетска убавина, кој е изграден на самиот почеток на 20 век. Во денешниот Дом на културата „Драги Тозија“ се наоѓа спомен собата во која се изложени дел од цртежите и сликите од творештвото на Висулчева, како и фотографии, предмети, медали и одликувања и други признанија кои уметницата ги добила во разни европски држави. Тука е, секако, и последната нејзина слика, недовршениот портрет на Киро Глигоров, кој сесрдно ѝ помогна да се пресели во Скопје и последните години од својот живот да ги помине во Македонија. Висулчева, пред својата смрт, шетајќи низ Македонија, изразила желба нејзините слики како постојана поставка да бидат изложени токму во оваа зграда во Ресен, бидејќи зградата ја потсетувала на годините и спомените од нејзините долги престои во Франција.[4][5]
Аманет
уредиНејзината љубов кон Македонија, како и свесноста за нејзината национална припадност се негувани и пренесени од нејзиниот татко и тие ќе ја следат до крајот на нејзиниот живот. Кераца во многу ситуации, гордо знаела да изјави дека е Македонка и да ги брани македонските национални интереси.[6]
Родена сум во Македонија, од дедовци и прадедовци Македонци и сакам да умрам во Република Македонија.[7]
—Кераца Висулчева
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 282. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
- ↑ Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 59. ISBN 9989-613-28-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ Соња Абаџиева (четврток, 8 април 2010). „Сликарка со беспрекорна визија и јасни ставови“. www.utrinski.com.mk. Недостасува
|author1=
(help); Проверете ги датумските вредности во:|date=
(help) - ↑ „Остварен сонот на будната сонувачка Кераца Висулчева“ (PDF). Утрински Весник. понеделник, 16 октомври 2006. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)[мртва врска] - ↑ Анѓелков, Игор (2020-11-08). „Кераца Висулчева – спојувач на уметнички светови“. Херој на еден ден.
- ↑ Бранка Н. Доневска (2020-01-22) [2000 година]. „Кераца Висулчева: За Македонија, со љубов!“. Сутерен.мк. Магазин Старт. Недостасува
|author1=
(help) - ↑ Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 282. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
Надворешни врски
уреди„Кераца Висулчева“ на Ризницата ? |
- Статија за Висулчева Архивирано на 19 јули 2011 г.
- Галерија
- DIPLOMA Архивирано на 22 јули 2011 г. от Наташа Караянова
- Ресен Градоначалник Столетие
- Resen, Saraj[мртва врска]
- Museum of Makedonia; see CONTEMPORARY Art Архивирано на 22 јули 2011 г.
- KERATZA in English Lang. WP
- Кераца Висулчева
- Кераца Висулчева за нејзината национална припадност
- Кераца Висулчева – спојувач на уметнички светови