Ернест Хенри Шекелтон (15 февруари 1874 - 5 јануари 1922) бил ирски поларен истражувач.

Шекелтон бил еден од најголемите истражувачи на Антарктикот од почетокот на 20 век. Во 1908-1909 г., заедно со неговите тројца сопатници минал само 156 км на Јужниот Пол, пред да бидат принудени да се вратат. Бидејќи Роалд Амундсен, а потоа и Роберт Фалкон Скот го освоиле Јужниот Пол во 1911-1912 г., тој во 1915 г. повел уште една експедиција на Антарктикот, со цел да го мине целиот континент. За жал, неговиот брод „Ендјуранс“ бил блокиран во морскиот лед и на крајот потонал. Сепак, благодарение на водството на Шекелтон, целиот екипаж преживеал.