Древни астронаути

Теориите за древни астронаути или палеоконтакти се претпоставки дека вонземјани ја посетувале планетата Земја и дека таквите контакти водат до почетоците или развојот на човештвото, културата, технологијата и/или религиите.

Цртежи од Вал Камоника, Италија, од околу 10.000 п.н.е., се смета дека претставуваат вонземјани. Исто така се смета дека претставуваат божества или други митолошки ликови од религијата од тоа време.
The Догу (土偶) се спекулира дека е древен астронаут кој ја посетил Земјата во време на древна Јапонија.

Некои од овие теории сугерираат дека божествата од повеќето, ако не и од сите религии се всушност вонземјани, а заради нивната технолошка надмоќност им е доделен божествен статус.[1][2]

Теориите за древните астрономи не се поддржани од научната заедница, а статиите на таа тема ретко се објавуваат во научните списанија. Овие теории се популаризирани во втората половина од XX век, од писателите Ерик вон Деникен, Зехарија Сичин и Роберт Темпл.[3]

Теориите за древните астрономи најчесто се тема на научната фантастика.

Наводи

уреди
  1. Lieb, Michael (1998). Children of Ezekiel: Aliens, Ufos, the Crisis of Race, and the Advent of End Time. Duke University Press. стр. 250. ISBN 0-8223-2268-4.
  2. Cithara. St. Bonaventure University. 1961. стр. 12.
  3. Von Däniken, Erich (1984). Chariots of the Gods. Berkley Pub Group. ISBN 0-4250-7481-1.