Нада Васкова Антеска ( 1925 во Куманово — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

уреди

Монополска работничка. Од летото 1943 година учествувала во саботажни акции во монополот каде работела и давала прилози во фондот за народна помош. Во август 1944 година заминала на слободната територија на Козјак и била борец во дополнителниот баталјон, а потоа во Осумнаесеттата македонска ударна бригада, како делегат на вод. Учествувала во борбите на Бригадата во околината на Бујановац и Прешево како и во борбите за ослободувањето на Куманово и Скопје, Радуша и Тетово. Потоа била префрлена во Треттата македонска ударна бригада со која заминала на Сремскиот фронт и учествувала во завршните оперции за ослободувањето на Југославија. Како делегат на вод се борела во првите борбени редови .[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 978.