Плоштад „Нова Југославија“
Плоштад „Нова Југославија“, познат и како Градски плоштад — главниот плоштад во Куманово, Македонија. Тој е со површина од околу 4,000 м2.
Плоштад „Нова Југославија“ | |
---|---|
Плоштадот „Нова Југославија“ во 2022 година | |
Одржува: | Општина Куманово |
Место: | Куманово, Македонија |
Историја
уредиПлоштадот бил обновен во 2006 година, со проценка на трошоците на 160.000 евра.
Во октомври 2015 година имало обид за смена на името на плоштадот од „Нова Југославија“ во „Македонија“. Тогаш советничката група на ВМРО-ДПМНЕ почнала со собирање на потписи.[1]
Знаменитости
уредиЗанаетчискиот дом се наоѓа на југоисточната страна на плоштадот, кој е најзначајното обележје на плоштадот изградено пред Втората светска војна. Веднаш наспроти Занаетчискиот Дом е статуата на Батко Ѓорѓија, урбаната легенда на градот, чија што статуа содржи и фонтана. Наспроти улицата се наоѓа „Касапскиот Круг“, кој денес претставува административна зграда. На североисточната страна, се наоѓа споменикот наречен „Четири Бандери“ кои исто така има фонтана. Трговскиот центар Нама е на северната страна на плоштадот.[2]
Градскиот плоштад е опкружен со згради изградени претежно од времето на СФРЈ.
Во 1990-тите години, блискиот Хотел Кристал бил затворен поради финансиски тешкотии. Зградата Касапски Круг е преку улицата „Гоце Делчев“ како една од истакнатите згради во Куманово.
Галерија
уреди-
Споменикот на Батко Ѓорѓија
-
Зеленило на плоштадот
-
Зеленило на плоштадот
-
Супермаркет кај плоштадот
-
Поглед кон плоштадот од запад, во 2022 година
Наводи
уреди- ↑ Антиќ Јовчевска, Светлана (14 октомври 2015). „Кумановскиот плоштад од Нова Југославија во Македонија?“. Радио Слободна Европа. Архивирано од изворникот 2019-01-14. Посетено на 15 декември 2022.
- ↑ „Градски плоштад“. visitkumanovomk.wordpress.com. Архивирано од изворникот 2018-01-06. Посетено на 15 декември 2022.