Вараждинград во cеверниот дел на Хрватска, близу границата со Словенија. Претставува административно седиште на Вараждинската жупанија на 81 километар северно од Загреб.

Вараждин
Varaždin
Град
Корзото во Вараждин
Корзото во Вараждин
Грб на Вараждин
Вараждин is located in Хрватска
Вараждин
Вараждин
Местоположба во Хрватска
Координати: 46°18′N 16°20′E / 46.300° СГШ; 16.333° ИГД / 46.300; 16.333
ДржаваХрватска
ЖупанијаВараждинска жупанија
Управа
 • ГрадоначалникГоран Хабуш
Површина
 • Град59,45 км2 (2,295 ми2)
 • Градска34,22 км2 (1,321 ми2)
Надм. вис.&10000000000000173000000173 м
Население (2011)
 • Град46.946
 • Густина7,9/км2 (20/ми2)
 • Градскo38.839
 • Градска11/км2 (29/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски број42 000
Повик. бр.042
Мреж. местоvarazdin.hr

Историја

уреди
 
Стариот град

Во 1756 година, Францис Надасди го избра Вараждин за свое живеалиште и градот стана главно место во Хрватска. Тука беше хрватскиот Сабор и кралскиот хрватски совет основан од царицата Марија Тереза.

Периодот на реформацијата и контра-реформацијата имаа големо влијание врз Вараждин. Со доаѓањето на Јесуитите, беше изградена гимназијата, а црквите и другите згради беа градени во барокен стил. Во 18 век Вараждин беше седиште на многу благородници и во 1756 тој стана административен центар на Хрватска. Пожарот во 1776 уништи поголем дел од градот, а тоа резултира со преселба на сите институции во Загреб.

Вараждин беше седиште на Вараждинската област во рамките на Австроунгарија.

Во 19 век градот беше комплетно изграден и проширен, со фабрики и трговски центри. Беа основани и театар, музичко училиште и противпожарна служба.

Во 20 век Вараждин прерасна во индустриски центар на Северозападна Хрватска. Во војната за независност на Хрватска, Вараждин страдаше само неколку дена, бидејќи големата ЈНА брзо се предаде, резултирајќи минимални жртви и штета.