Македонка, споменик на Револуцијата
Македонка, споменик на Револуцијата ― комплекс споменик кој се наоѓа на Плоштадот „Маршал Тито“ во Куманово. Споменикот е дело на Коста Ангели Радовани и неговиот соработник Маријан Хаберле. Комплексот се состои од една статуа и три релјефи. Споменикот е со тематика од три периоди и тоа: Илинденскиот, Народноослободителната војна и социјалистичката изградба.[1] Споменикот е заведен како културно наследство на Македонија.[2]
Македонка, споменик на Револуцијата | |
---|---|
Трите релјефи во 2022 година | |
Место | Куманово |
Проектант | Коста Ангели Радовани, Маријан Хаберле (соработник) |
Тип | статуа и релјеф |
Материјал | бетон |
Композиција и значење
уредиСкулптурата „Македонка“ која освоила награда на изложбата во Домот на ЈНА во Белград, на тема НОБ, во 1961-та година, припаѓа на третата фаза од неговата работа. Во време на борба за реафирмација на модерното против историското, за плурализмот против догматизмот, тој значително отстапил. Македонската жена ја претставува доста конзервативно. Гордо исправена, а не потчинета, облечена, а не разголена. Потенцирањето на женските облини кои се карактеристични за неговото творештво, овде не ги претставил.[1]
Скулптурата е дел од споменикот на Револуцијата во Куманово, кој се наоѓа во средиштето на градот. Зафаќа цел комплекс на површина на која се поставени три релјефни композиции, изработени од истарски травертин со тематика од три периоди и тоа: Илинденскиот, Народноослободителната војна и социјалистичката изградба. На посебен постамент е поставена скулптура со човечки лик на жена (наречен „Македонка“) во цел раст во натприродна големина изработена од базалтен камен.[1]
Галерија
уреди-
Статуата во весник од 1962 година
-
Статуата во 2022 година
-
Источната страна на релјефот посветен на социјалистичката изградба во 2014 година
-
Западната страна на релјефот посветен на социјалистичката изградба во 2022 година
-
Релјефот посветен на илинденскиот период во 2022 година
-
Релјефот посветен на народноослободителната борба во 2022 година
-
Карикатура со споменикот во весник од 1969 година
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „„Mакедонка, споменик на Револуцијата" / Радовани“. marh.mk. 26 јули 2019. Архивирано од изворникот 2019-11-17. Посетено на 12 декември 2022.
- ↑ „Национален регистар на објекти кои се заштитно културно наследство“. Министерство за култура. 2012. Архивирано од изворникот 9 август 2021. Посетено на 12 декември 2022.
Надворешни врски
уреди„Македонка, споменик на Револуцијата“ на Ризницата ? |