Лесковац — град во Јабланичкиот Округ во Јужна Србија. Според пописот од 2011 година во Лесковац живееле 60.208 луѓе. А во дотогашната општина живееле 144.206 жители. Градот датира уште од времето на Римското Царство. Во средниот век се викал „Глубочица“ па „Дубочица“. Градот по Втората светска војна бил познат по производството на текстил.

Leskovac
Лесковац
Град
Знаме на LeskovacГрб на Leskovac
Локација во Србија
Локација во Србија
Координати: 43°00′N 21°57′E / 43.000° СГШ; 21.950° ИГД / 43.000; 21.950
ДржаваСрбија
ОкругЈабланички
Населени места144
Управа
 • ГрадоначалникГоран Цветановиќ
Површина
 • Општина1.025 км2 (396 ми2)
Население (2011)
 • Град60.288
 • Општина144.206
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски број16000
Повикувачки број+381 16
ТаблициLE
Мреж. местоeng.gradleskovac.org//

Потекло на поимот

уреди

Името на градот потекнува од дрвото леска (старословенски: lěska). Постариот назив е старосрпскиот Glьbočica (Глубочица), кој потекнува од старословенскиот збор glọbokъ, што значи „длабок”.[1][2]

Според легендата под ридот во близина на сегашниот град некогаш постоело езеро, кое се исушило и на тоа место изникнала леска (лешник), по која градот го добил името. Сегашното име на градот за првпат како населено место се споменува во 1308 година во една Повелба на Кралот Милутин.[2] За време на турското владеење, името било променето во Хисар, од истоимениот турски збор кој значи „тврдина”.

Географија

уреди

Лесковац се наоѓа во срцето на пространата и плодна лесковачка котлина, која некогаш била дел од Панонското Море, на малата река Ветерница, во подножјето на ридот Хисар. Лесковац лежи на надморска височина од 228 m, а околу котлината се наоѓаат планините Радан (1.409 m), Гољак и Пасјача на запад, Кукавица и Чемерник (1.638 m) на југ и Бабичка Гора (1.098 m), Селичевица (903 m) и Сува Планина на исток. На север се граничи со нишката котлина, а на југ преку Грделичката Клисура со врањско-бујановачката котлина.

Недалеку од градот тече Јужна Морава, а во близина на Лесковац има три вештачки езера: Брестовачко, Барје (акумулација за водоснабдување на градот) и Власинско Езеро.

Во 144 населби и во самиот град од лесковачката општина, според последните податоци живеат 112.000 жители, односно на секој квадратен километар живеат 158 жители. Годишната просечна температура изнесува 11,3 °C.

Историја

уреди
 
Прослава на ослободувањето на Лесковац, 1944 година
 
Спомен обележје на мостот на кој бил погоден патнички воз за време на НАТО бомбардирањето

Најстарите траги на живот во овој крај се од околу 6.200 година п.н.е. Овде живееле Дарданци, Трибали, Авари, Келти, Римјани, Византијци, а од 6 и 7 век - Словени. Постојат археолошки остатоци од тој период најдени на Хисар и на наоѓалиштата Градац кај Злокуќани, во Мала Копашница, во долината на Слатинска Река, на Кале кај Грделица и на други места. На 30 километри од Лесковац се наоѓа големо археолошко наоѓалиште од 6 век Царичин Град, а артефактите се чуваат во лесковачкиот градски музеј. На 15 км јужно од Лесковац се наоѓа археолошкото наоѓалиште Зелен-град или Скобаљиќ Град.

Сепак историјата на овој град може да се следи со сигурност од 12 век, кога српскиот жупан Стефан Немања од византискиот цар Мануил I Комнин ја добил на подарок областа Дубочица, со што Дубочица влегла во составот на Рашката држава како самостална област. Најстариот запис за Лесковац потекнува од 14 век, во кој ова место се опишува како големо село. Во 1374 година Дубочица влегла во состав на областа со која владеел српскиот кнез Лазар Хребељановиќ, а во 1412 година турскиот султан Муса Челебија направил пустош во овој крај. Војводата Никола Скобаљиќ во 1454 година со војска од Дубочица ја победил турската војска во Битката кај Лесковац. Неколку месеци подоцна, турската војска која лично ја предводел султанот Мехмед II, ги поразила востаниците, го заробила Скобаљиќ, кој бил набиен на колец. Од тој датум 16 ноември 1454 година, па сè до 11 декември 1877 година, Лесковац бил под турска власт.

Кон крајот на 18 век, Лесковац бил центар на Лесковачкиот пашалак, кој ги опфаќал и градовите Крушевац и Параќин. Францускиот географ Ами Буе во 1837 година запишал дека Лесковац има 3000 куќи: 2400 христијански, 500 турски, 30 цигански и 10 еврејски, вкупно 15.000 жители.[3]

За време на Првото српско востание во Лесковац бил убиен кнезот Стојан, поради што голем број лесковчани се придружиле на востанието на Караѓорѓе Петровиќ. Востанието во Лесковац било загушено, а Шевсудин Абди-паша во Лесковац убил триста востаници, а неколку илјади востаници од околината.

Во 1841 година на просторот на нишката, лесковачката, пиротската и врањанската нахија избила буна (нишка буна, лесковачка буна) со цел да се ослободи југоисточниот дел на Србија, која била неуспешна. Лесковац е ослободен од Турците на 11 декември 1877 година за време на Втората српско-турска војна (1877-1878).[4] Наредната година, Лесковац влегува во составот на Србија.

За време на Првата светска војна во Лесковац и околината се случил пресврт во Битката на Морава, познат како Лесковачки маневар. Овај противнапад ѝ овозможил повлекување на српската војска.

За време на Втората светска војна во Лесковац и околината се одиграле неколку значајни настани: на 11 октомври 1943 година во селото Ображда била формирана Првата јужноморавска бригада; на 20 мај 1944 година на планината Радан била формирана 21. српска дивизија на НОВЈ; на 6 септември 1944 година лесковац бил бомбардиран, при што претрпел големи штети; на 11 октомври 1944 година Лесковац бил ослободен.

НАТО бомбардирање

уреди

Во текот на НАТО бомбардирањата на СРЈ во 1999 година, Лесковац и околината биле речиси секојдневно бомбардирани. На 12 април 1999 година, бил погоден железничкиот мост во Грделичката Клисура, и патничкиот воз кој во тој момент минувал на мостот, при што настрадале неколку десетици цивили.

Демографија

уреди

Од 155.812 жители на територијата на градот, Срби се 147.414, Роми 6.989, Црногорци 284, Албанци 23 и останати 1542. Градот има 78.030 жители, од кои 36.060 помлади од 20 години, 15.353 постари до 70, и триесетина постари од 90 година. Според пописот од 2002 година, во Лесковац живеат околу 1000 жени повеќе од мажи. Просечна густина на населението е 158 жители на квадратен километар.

Етнички состав според пописот од 2002 година.
Срби
  
57.661 91,25%
Роми
  
4.327 6,84%
Црногорци
  
223 0,35%
Македонци
  
168 0,26%
Југословени
  
108 0,17%
Бугари
  
57 0,09%
Хрвати
  
56 0,08%
Албанци
  
20 0,03%
Словенци
  
15 0,02%
Муслимани
  
12 0,01%
Руси
  
8 0,01%
Унгарци
  
8 0,01%
Словаци
  
4 0,00%
Германци
  
3 0,00%
Чеси
  
2 0,00%
Украинци
  
2 0,00%
Романци
  
2 0,00%
Русини
  
1 0,00%
Горанци
  
1 0,00%
Бошњаци
  
1 0,00%
непознато
  
244 0,38%

Култура

уреди

Од 1920 до 1948 година во Лесковац постоело кино „Славуј”.[5]

Во 1896 година била основана првата театарска група наречена „Граѓански театар Југ Богдан”, а основач бил српскиот книжевник Радоје Домановиќ кој во тоа време бил професор во лесковачката гимназија. Првиот професионален театар бил основан во 1926 година,[6] а во 1934 година бил основан Академски театар, кој работел до почетокот на Втората светска војна. По ослободувањето, била основана драмска секција која прераснала во Народен театар Лесковац, кој и денес работи. Зградата на театарот била реновирана во 2014 година, по оригинални скици од 1930 година за „Соколски дом”. Театарот има капацитет од 278 седишта.[7]

Во Лесковац се наоѓа Народната библиотека Радоје Домановиќ, која во 1961 година била одредена да биде матична библиотека за Јабланичкиот округ.[8]

На 2 мај 1948 година бил основан Народен музеј Лесковац,[9] кој се состоел од три одделенија: етнографско-археолошко, одделение за народноослободителната борба и работничкото движење и музејот на текстилна индустрија во селото Стројковце.

На 10 мај 1974 година Музејот се преселил во нова зграда, а денес во овој Музеј има повеќе одделенија: за археологија, историја, историја на уметноста, етнологија, конзервација и изработка на сувенири.[10]

Археолошки наоѓалишта

уреди

Лесковачки говор

уреди

Лесковац е познат по специфичниот лесковачки говор, кој е дел од призренско-тимочкиот дијалект.

Текст на дијалектот од Добривоје Каписазовиќ:

И’, бре тија стари Лесковчани!

(...) Нема, бре, да чујеш к’ко пре, да се слте од њи збори: трговац из Лесковац, Манчестерац. Из српски Манчестер, индустријалац. И куде мрднеш, ће нађеш Лесковчанина. Беоше се размилели по целу нашу земљу, по трговију, па и по бел свет. А у Београд: индустријалац Лесковчанин, а у Скопље, а у Куманово, у Битољ, у Карловац и куде ти не, они стварав индустрију, зидав фабрике, млинови... И тргују, тргују и на големо и на мало. И од њи се збореше млого. А и куде да отидну, одма ги познав: фрљав се с падежи. И Лесковац беше расја: индустрија, фабрике онолико. Пуно оџаци изникли, па се само пушив. А трговина? Тој си је па башка прича. Умејаше да тргују. И приче од њи свуд се причашев, те овакви су те онакви: једев паприке, па зидав фабрике! И, истин, тој си бев све ем-ем човеци!... Ем, радише! Ем, штедише! Од памтивек конопљари, кудељари. Ем, трговци, извозници, увозници, шпекуланти! Ем, индустријалци, фабриканти!..


Говорот не се разликуваат многу од стандарден македонски јазик, поради слични граматички конструкции како употреба на предлошки ће (ке во стандард), аористот (со нешто различните наставоци -ја наместо -ел)...

Меѓународна соработка

уреди

Збратимени градови

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Даничић, Ђура (1975). Рјечник из књижевних старина српских, 1—3, фототипско издање „Вук Караџић”. Београд.
  2. 2,0 2,1 „Лесковац - историјат и етимологија“. Мирјана Детелић. Архивирано од изворникот на 2016-01-30. Посетено на 30 јануари 2016.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  3. Танић, Драгослав (1972). Лесковац и околина.
  4. „Војвода Никола Коле Рашиќ“. Српско царство. 13 јануари 2012. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  5. Момчиловић, Милан (1 март 2015). „Славујево доба и Ита Рина у Лесковцу“. Политика. Посетено на 24 април 2015.
  6. Шимунец, Звонимир. Златно доба Лесковца 1918-1941. стр. 26.
  7. „Јубилеји у Лесковцу“. ludus-online.rs. Посетено на 19 јули 2018.[мртва врска]
  8. „Одељења Народне библиотеке Радоје Домановић. nbleskovac.rs. Архивирано од изворникот на 2018-07-19.
  9. Дарови музеју 1948-2013. Лесковац: Народни музеј Лесковац. 2013.
  10. „Официјално мрежно место на Музејот во Лесковац“. muzejleskovac.rs.

Надворешни врски

уреди