25 април
датум
<< | април | >> | ||||
---|---|---|---|---|---|---|
П | В | С | Ч | П | С | Н |
1 | ||||||
2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
30 |
25 април — 115-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (116-и во престапна година). Остануваат 250 денови до крајот на годината.
Настани:
1191 | Започнало зографирањето на црквата „Свети Ѓорѓи“ во селото Курбиново, Ресенско. |
1719 | Излегол романот „Робинзон Крусо“ на англискиот писател Даниел Дефо. |
1859 | Според проектот на францускиот конзул во Александрија Фердинанд де Лесепс, започна изградбата на Суецкиот Канал, со кој Средоземното Море е поврзано со Црвеното Море. Каналот има големо стратешко и економско значење, затоа што е најкраток пловен пат од Европа до земјите на Блискиот и Далечниот Исток. |
1959 | Пловниот пат Сент Лоренс, кој ги поврзува Големите Езера преку реката Сент Лоренс и систем од канали со Атлантскиот Океан е отворен за пловидба. |
1945 | Во Сан Франциско, САД, почна основачката конференција на Организацијата на Обединетите нации, во чија работа учествуваа 45 земји, членки на антихитлеровската коалиција. Право на учество имаа земјите кои до 1 март 1945 година им објавија војна на силите на Оската. Учесниците на конференцијата ја потпишаа Повелбата на ООН на 20 јуни, а ја ратификуваа на 24 октомври 1945 година (Ден на ООН). |
1960 | Во Битола е основано Друштво за наука и уметност. Друштвото е основано со цел да го потикнува развојот на научната мисла, да го проучува минатото, да извршува истражување и унапредување на сите области во развојот на градот и околината. |
1979 | Во Битола е основан вториот универзитет во СР Македонија, „Свети Климент Охридски“. |
1996 | Република Македонија и Хондурас воспоставиле дипломатски односи на ниво на амбасади. |
Родени:
Починале:
68 | Апостол Марко — Александриски патријарх и еден од апостолите на Исус. | |
1342 | Бенедикт XII — римски папа. | |
1744 | Андерс Целзиус — шведски физичар и астроном. | |
1923 | Јово Камберски — македонски писател. | |
1999 | Лорд Киланин — ирски новинар. | |
2019 | Џон Хавличек — американски кошаркар. | |
2023 | Хари Белафонте — американски глумец и пејач. |