Јанина
Јанина или Јанино (грчки: Ιωάννινα) — главен и најголем град на областа Епир, северозападна Грција. Има население од 65.574 жители (2011). Се наоѓа на надморска височина од околу 500 метри, на западниот брег на Јанинско Езеро, или на грчки: Памвотис (Παμβώτις). Се наоѓа во рамките на општината Јанина, и е главен град на округот Јанина и областа Епир. Јанина се наоѓа 450 км северозападно од Атина, 290 километри југозападно од Солун и 80 км источно од пристаништето Игуменица на Јонското Море.
Јанина Ιωάννινα | |
---|---|
Местоположба во областа 2011 Dimos Ioanniton.png | |
Координати: 39°40′N 20°51′E / 39.667° СГШ; 20.850° ИГДКоординати: 39°40′N 20°51′E / 39.667° СГШ; 20.850° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Епир |
Површина | |
• Општина | 402,0 км2 (1,550 ми2) |
• Општ. един. | 46,6 км2 (180 ми2) |
Надм. вис. | 480 м |
Население (2001)[1] | |
• Општ. | 112.486 |
• Општ. густина | 28/км2 (72/ми2) |
• Општ. един. | 80.371 |
• Општ. един. густина | 170/км2 (450/ми2) |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 45x xx |
Повик. бр. | 26510 |
Рег. таб. | ΙΝ |
Мреж. место | www.ioannina.gr |
ИмеУреди
Формално име на градот, Јанина значи „Јовановград“. Постојат две форми на грчки, Ιωάννινα да биде формалнo и историско име, а почесто се користи Γιάννινα и ја претставува модерната форма на грчки јазик. Оваа форма одговара и во соседните јазици (на пример албански: Janinë, аромански: Ianina, турски: Yanya).
КлимаУреди
Јанина од страна на нејзината внатрешност и височина има средоземна клима. Летата се обично топли и суви, а зимите се влажни и постудени отколку на брегот. Јанина е највлажен град во Грција. Максималната температура забележана некогаш беше 42,4 °C, додека апсолутниот минимум е -13 °C.
СпортУреди
Јанина е дом на голем спортски тим наречен ПАС Jанина, кој е застапен во грчката Суперлига. Тој е инспирација за многу од старите, како и нови поддржувачи на целиот регион на Епир, па дури и надвор од Јанина.
СообраќајУреди
- Во Јанина се наоѓа аеродром.
- Автопатот „Егнатија“, (дел од Е90 минува низ Јанина) кој го поврзува западниот брег и пристаништето Игуменица со турската граница.
- Морски линии со мали авион од езерото Памвотис до Крф.
- Автобуси на долги релации кои патуваат секојдневно до Атина (6-6,5 часа) и Солун (3 часа).
НаселениеУреди
НаводиУреди
- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
Надворешни врскиУреди
- Туристичка страница
- Општина Јанина
- Вести и настани за градот Архивирано на 1 декември 2012 г.
- Фотогалерија на градот Архивирано на 19 ноември 2007 г.