Нино Величковски (2 мај 1954, Куманово) – македонски пејач на народна музика.

Нино Величковски
Основни податоци
Роден(а)2 мај 1954(1954-05-02)(70 г.)
Куманово
Жанр(ови)народна музика
Занимање/њапејач
Години на активност1983 - сè уште
Нино Величковски на Тамбурашки фестивал (2019 година - Куманово)

Кариера

уреди

Величковски е македонски пејач на народна музика кој е надалеку познат по звукот на тамбурата кој го следи целиот свој живот.

Тој е чест учесник на фестивалите: "Фолк Фест Валандово", "Цветници", "Филиграни", "Тумба Фест" "Гоце Фест", "Охрид Фест", "Прилеп Фест" и Тамбурашкиот Фестивал во Куманово, каде има освојувано и награди на истите.

Негов најголем хит е "Свирете ми тамбури" покрај неа се: "Бабино девојче", "Уште еднаш", "Не се трпат немири", "Малку треба", "Сега е веќе доцна", "Кажи ми Лено душо", "Биди ми бисер", "Песните се мои другари", "Љубовта е света", "Стара љубов", "Ние двајца", "Песната беше мојот живот", "Многу е тешко да си зет", "Со мерак" и други...

Во својата кариера има издадено неколку албуми со свои авторски песни.

Во 2023 година по повод 40-години јубилеј одржува концерт во Куманово во НУ "Трајко Прокопив", на концертот водител беше актерот Горан Илиќ, покрај него гости беа неговите колеги: Виолета Томовска, Перо Христов, Маргица Антевска, Наум Петрески, Драган Спасов-Дац и Александар Митески. На концертот ги доби наградите од најпрепознатливите европски и балкански здружение на тамбураши, а беше награден и од неговите колеги од Нови Сад и Бања Лука. За промоција на Куманово доби "Статуета" од градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.[1]

Организатор е на Меѓународен тамбурашки фестивал во Куманово, каде настапува низа години. Раководител е на Фондација за култура и спорт при Општина Куманово.

Наводи

уреди
  1. „Нино Величковски прослави 40 години кариера“. 7.11.2023. Посетено на 7 јануари 2024. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Надворешни врски

уреди