Некропола
големи антички гробишта
Некропола — големи гробишта или место за закопување. Зборот потекнува од грчкиот збор „некрополис“, што значи: „град на мртвите“. Ретко, овој израз се употребува за да се означат модерните гробишта надвор од големите градови, а најчесто зборот се однесува на гробиштата на старите народи, античките и средновековните цивилизации.
Некрополата како мотив во уметноста и во популарната култура
- „Радимља“ — песна на српскиот поет Васко Попа.[1]
- „Некропола“ (англиски: Necropolis) — музички албум на американската група Хантинг лоџ (Hunting Lodge).[2]
Наводи
- ↑ Васко Попа, Поезија (избор). Скопје: Култура; Београд: Нолит, 1968, стр. 118-119.
- ↑ Discogs, Hunting Lodge – Necropolis (пристапено на 4 јули 2021)
Оваа статија поврзано со археологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |