Македонски Турци
Македонски Турци (турски: Makedonya Türkleri) — трета по големина народност и второ по големина етничко малцинство во Македонија. Во пописот во 2002 година во Македонија како етнички Турци се изјаснале 77.959 граѓани или приближно 4% од вкупното население. Турците во Македонија се признато и полноправно малцинство. Единствената нивна религија е исламот. Народен празник на Турците во Македонија е „Денот на наставата на турски јазик“ (21 декември).

Турци во Македонија Makedonya'daki Türkler | |||
---|---|---|---|
![]() | |||
Вкупен број на населението | |||
77.959 | |||
Региони со значително население | |||
| |||
Јазици | |||
турски, македонски | |||
Религии | |||
ислам | |||
Поврзани етнички групи | |||
Турци и сродни народи |
Турците, културата, правата и населението Уреди
Над 77.000 Турци во Македонија зборуваат турски јазик на посебен и единствен македонски акцент. Турците сочинуваат околу 12% од населението во државата со исламска вероисповед. Во одредени македонски основни училишта во чија околина има мнозинство Турци има часови на турски јазик, но според закон наставата се држи со македонски учебници. Настава на турски се држи и во приватното средно училиште „Јахја Кемал“. Турците се полноправни граѓани во Македонија, имаат радио и телевизиски канал во кој програмата се емитува единствено на турски јазик. Исто така Македонската телевизија емитува секој ден неколку часови со програма на турски јазик. Турците исто така имаат своја партија Демократска партија на Турците на Македонија која има свој градоначалник во Центар Жупа (турски: Merkez Jupa) во која преовладува турското население (околу 80%).
Бројот на Турците во Македонија денес и во историјата Уреди
Бројот на турското население во историјата според пописите Уреди
Број на Турците во Македонија според пописите[1] | |||||||
Попис | Македонски Турци | Вкупното население на Македонија | % Македонски Турци | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
1953 | 203.938 | 1.304.514 | 15,63% | ||||
1961 | 131.484 | 1.406.003 | 9,35% | ||||
1971 | 108.552 | 1.647.308 | 6,58% | ||||
1981 | 86.591 | 1.909.136 | 4,53% | ||||
1991 | 77.080 | 2.033.964 | 3,78% | ||||
1994 | 78.019 | 1.945.932 | 4% | ||||
2002 | 77.959 | 2.022.547 | 3,85% |
Турско население по општини според пописот во 2002 Уреди
Општина | Турци |
---|---|
Скопје | 8.595 |
Гостивар | 7.991 |
Центар Жупа | 5.226* |
Пласница | 4.446* |
Радовиш | 4.061 |
Струмица | 3.754 |
Струга | 3.628* |
Студеничани | 3.285* |
Врапчиште | 3.134 |
Дебар | 2.684* |
Маврово и Ростуше | 2.680* |
Долнени | 2.597* |
Кичево | 2.430 |
Охрид | 2.268 |
Василево | 2.095 |
Тетово | 1.882 |
Ресен | 1.797 |
Велес | 1.724 |
Битола | 1.610 |
Валандово | 1.333 |
Штип | 1.272 |
Боговиње | 1.183* |
Прилеп | 917 |
Карбинци | 728 |
Конче | 521 |
Теарце | 516 |
Босилово | 495 |
Дојран | 402 |
Чашка | 391* |
Пехчево | 357 |
Демир Капија | 344 |
Кочани | 315 |
Крушево | 315 |
Другово | 292 |
Куманово | 292 |
Вранештица | 276 |
Виница | 272 |
Неготино | 243 |
Сопиште | 243 |
Могила | 229 |
Македонски Брод | 181 |
Кавадарци | 167 |
Лозово | 157 |
Делчево | 122 |
Берово | 91 |
Свети Николе | 81 |
Петровец | 75 |
Градско | 71 |
Богданци | 54 |
Демир Хисар | 35 |
Гевгелија | 31 |
Новаци | 27 |
Илинден | 17 |
Кратово | 8 |
Пробиштип | 6 |
Јегуновце | 4 |
Брвеница | 2 |
Дебрца | 2 |
Крива Паланка | 2 |
Желино | 2 |
Зелениково | 1 |
*Дел од населението претставуваат Македонци со исламска вероисповед, но поради политичко-религиски причини, се декларирале како Турци.
Список на македонски Турци Уреди
Име | Време на живеење | Професија | Турски линк |
---|---|---|---|
Џемаил Максут | 1933 - 2001 | Глумец | |
Ердоган Максут | 1959 | Глумец | |
Салаетин Билал | 1942 | Глумец | |
Ајри Демировски | 1927 - 2009 | Музичар, автор на песната „Битола, мој роден крај“ | |
Армандо Алемдар | 1972 | Уметник | [2] |
Текин Арибурун | 1905-1993 | Командер во Турската армија | [3] |
Муамет Асановски | 1991 | Спортист | [4] |
Хусеин Авни | Непознато-1915 | Командер во Отоманската армија | |
Јахја Кемал Бејатли | 1884-1958 | Поет и автор | [5] |
Шебнем Ферах | 1972 | Пејачка | |
Илами Халими | 1975 | Спортист | |
Копрулу Хамди | 1888-1920 | Војник | |
Елјеса Касо | 1961 | Глумец | |
Срѓан Керим | 1948 | Дипломат | |
Октај Махмути | 1968 | Спортист | |
Али Фети Окјар | 1880-1943 | Дипломат | |
Јксел Османовски | 1977 | Спортист | |
Ќазим Озалп | 1880-1968 | Турски војник и политичар | |
Сибел Реџеп | 1987 | Пејач | |
Ерол Ризаов | 1950 | Новинар | |
Ерман Шабан | 1983 | Глумец | |
Ертан Шабан | 1977 | Глумец | |
Ариф Сентурк | 1941 | Пејач | |
Тахсин Јазици | 1892-1971 | Офицер во Турската војска | |
Хусеин Авни Заимлер | 1877-1930 | Турски војник | |
Беркан Ахмет | 1986 | Пејач |
Наводи Уреди
- ↑ Ortakovski 2001, 26 .
- ↑ Saatchi-Gallery. „Armando Alemdar“. Посетено на 2010-09-25.[мртва врска]
- ↑ Zaman. „Çanakkale'de esir düşen Avustralyalı subayı şaşırtan resim“. Архивирано од изворникот на 2010-11-18. Посетено на 2010-09-25.
- ↑ Transfer Markt. „Muamet Asanovski“. Посетено на 2010-09-25.
- ↑ Antoloji. „Yahya Kemal Beyatlı“. Посетено на 2010-09-25.