Гимназија „Гоце Делчев“ - Куманово
СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ — средно училиште, поточно гимназија, во Куманово, Општина Куманово. Гимназијата го носи името на големиот македонски револуционер Гоце Делчев, за свој патрон го има од 2 февруари 1945 година. Според податоците на Министерството за обрзование и наука на Република Македонија и државниот просветен инспекторат, Гимназијата „Гоце Делчев“ се наоѓа на 8-мо место на ранг листата најдобри средни училишта во државата со матурски просек од 3,83.
СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ | |
| |
Место | |
Општина: | Куманово |
Место: | Куманово |
Адреса: | ул. „Перо Чичо“, 31a |
Основни информации | |
Основано: | 1 декември 1944 |
Директор: | Марија Тодоровска |
Настава на: | македонски |
Контактни информации | |
Портал | www.gdku.edu.mk |
Историја
уредиОсновање и почетоци
уредиСо оглед на условите, наставата во првото полугодие од учебната 1944/1945 во Кумановската гимназија воопшто не била остварена. За таа цел, Президиумот на АСНОМ, Поверенството за народна просвета на 1 декември 1944 година издало Заповед (заведена под број 13) во која се вели: „Именувам за директор на Кумановската гимназија другарот Благој Георгиевски, родом од гр. Крива Паланка“. По примањето на должноста, веќе од 24 јануари 1945 година директорот на Гимназијата Георгиевски потпишал ново писмо, односно известие во кое се вели: „Сообштите во сите места на вашата околија да работа во Кумановската гимназија ќе започне на 1-II-1945 година“.
Просториите во кои започнала со работа Гимназијата се во зградата на денешните основни училишта „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“ (тогашна наречено Основна школа „Климент Охридски“), за што исто така има сведоштва во архивската граѓа, конкретно во извештајот на Просветно културниот оддел при Градскиот НОО Одбор за работа од 1 јануари до 1 февруари, во кој меѓу другото, е евидентирано: „Гимназијата исто е сместена во Основната школа и ќе започне со работа од 1. II “, што инаку е направен на 31 јануари 1945.
Во тој период, напоредно со сите други подготовки се работи и на изборот и поставувањето на просветниот кадар во Гимназијата. Така, на 26 јануари 1945, Градскиот НО Одбор во Куманово до Поверенството за народна просвета во Скопје го испраќа списокот на професорите, со придружно писмо во кое го информирало: „Испраќаме ви список во дупликат и (13) тринаесет заповеди на гимназијалните учители за назначението им во Кумановската гимназија“. На овој список се наоѓаат имиња на девет личности со подробни податоци за нивното место на раѓање и завршеното образование. На крајот ова писмо завршува со дополнување: „За другите назначени за гр. Куманово гимназијални учители не можеме да дадеме исканите сведенија, пошто не располагаме со ниф, а учителите уште не се јавјаат“. Според сочувата главна книга во Архивата на Гимназијата, во таа учебна година во Гимназијата учеле 337 ученици.
Така, иако „партизански“, очигледно е дека наставата во Кумановската гимназија, во рамките на заложбите за образование и подигање на повисоко културно просветно ниво на населението, особено на младината, уште во првата учебна година започна доста организирано. Имено, сведочењата на тогашните гимназисти укажуваат дека станува збор за работа исполнета со многубројни проблеми, пред се, заради недостиг од учебници и какви било други помагала, заради што била користена и литература на други јазици, а наставата била вербална, сепак, за постоечките услови, успешно се организирала. Веќе наредната 1945/1946 година наставата е поорганизирана, а опфатот на младите генерации е помасовен, за што сведочи и фактот дека во главната или годишната книга од оваа учебна година се евидентирани речиси двојно повеќе, односно 618 ученици од кои: во I година - 227; во II - 166; III - 137; и во IV - 88.Во меѓувреме, паралелно со редовната настава, за надополнување на пропуштениот материјал од неа биле организирани и таканаречени збирни часови за одделни предмети, а учениците се ангажирале и во другите облици на слободните активности. Покрај тоа, кумановските гимназисти во текот на 1946 година активно се вклучиле во изградбата на првата младинска пруга Брчко-Бановиќи, а наредната Шамац-Сараево.
Од овој период, односно иницијативата и решението за изградба на новата гимназија во Архивот на Општината, исто така постои сведоштво во облик на записник на Одборот за изградба на Гимназијата од седницата одржана на 6 август 1946 година, со која претседавал директорот Благоја Георгиев, во кое е назначена местоположбата, но и планот за новата градба: „Местото се наоѓа во центарот на градот и достапно е од сите страни. По површина целиот блок е околу 8000 м2 што одговара наполно на голема зграда како гимназија...“ Тогашните гимназисти учествувале во изградбата, односно копањето на темелите на новата зграда во 1947 година, а во неа наставата за првпат започнала да се одвива во учебната 1948/1949 година. Тогаш, според архивски податоци работела Полната гимназија „Гоце Делчев“, со 664 ученици и неполна со 815 ученици.
1960ти
уредиВо почетокот на учебната 1959/1960 година, при Гимназијата „Гоце Делчев“ биле отворени и педагошки паралелки и тоа две во првата, а една во втората година, кои во состав на Гимназијата работат до крајот на учебната 1959/1960. Во септември 1961 година од овие паралелки ќе се образува Учителската школа „Професор Мијалковиќ“, со 8 паралелки. Ова училиште практично функционира до учебната 1963/1964, кога согласно решението на Извршниот совет на СРМ, од 25 мај 1964 година учителската школа била припоена кон Гимназијата и нејзината работа практично згаснала. Економското училиште, како самостојно се изделува од учебната 1958/1959 година и како такво работи сè до 1988 година, кога повторно се редуцира како економска насока во УСО „Гоце Делчев“, а од 1993 година работи во рамките на СУ „Перо Наков“.
Конкурсот за упис на ученици, меѓу кои и идните „гимназисти“ за учебната 1984/1985 година предвидувал повеќе наставни програми за прва година и тоа: основи на биотехнологијата, основи на применета физика, основи на угостителско-туристичко работење, мајчин јазик и марксизам, биологија и хемија. Во истиот конкурс за таканаречениот трет и четврт степен на стручна подготовка се предвидени, исто така, повеќе струки и занимања: биотехничар, просветна струка, физичар-математичар, соработник-програмер, статичар-планер. Според оваа наставна програма Гимназијата работела до крајот на учебната 1990/1991 година. Учениците кои во септември 1991 година се запишувале во Гимназијата, пак, во неа можат да се определат за општа гимназија или за природно-математичка гимназија.
2010ти
уредиГимназијата „Гоце Делчев“ во учебната 2012/13 година броела вкупно 1138 ученици распоредени во 43 паралелки, од кои 10 паралелки во прва година и по 11 паралелки во втора, трета и четврта година.
Година | Класови | Бр. на ученици |
---|---|---|
I | 10 | 255 |
II | 11 | 311 |
III | 11 | 288 |
IV | 11 | 284 |
Вкупно | 43 | 1138 |
Структура
уредиНаставна програма
уредиНаставата во оваа училиште се изведува исклучиво на македонски јазик, при што првите две години се општо гимназиско образование, додека во трета година се бира еден од понудените 6 подрачја: Природно- математичко А пакет, Природно - математичко Б пакет, Општествено-хуманистичко подрачје А пакет, Оппштествено-хуманистичко подрачје Б пакет, Јазично-уметничко подрачје А пакет и Јазично-уметничко подрачје Б пакет.
Училишно списание
уредиГимназијата „Гоце Делчев“ преку проектната активност - драмски клубови и литературни секции, во која членуваат ученици од сите четири години, работат на проект за училишно списание наречено „Спореден влез“. Самото списание излегува 2 пати годишно. Излегувањето на спиаснието во минатите години се одвивало во печатен облик, но во последните години, поради недостиг на финансиски средства списанието излегува во електронски облик, како дел од порталот на весникот „Нова Македонија“ во делот за средношколци „Медиум“.[1]
Училишна библиотека
уредиБиблиотеката на училиштето има соодветен број на наслови на книги, претежно лектири кои се обработуваат по предметот Македонски јазик и литература. Самата библиотека со насловите ги задоволува потребите на сите ученици, а во склоп на истата се наоѓа и мини читална.
Вработени
уредиВо Гимназијата има повеќе од 50 вработени лица, меѓу кои и професори со повеќе годишно искуство и високо образование, кои се трудат максимално своите знаења да ги пренесат на учениците.
Професори
уреди- Александра Маневска
- Благица Гавриловска Цветковиќ
- Елена Маневска
- Елена Марковска
- Мери Маневска
- Силва Митовска
- Снежана Ѓорѓевиќ
Елементарна алгебра и геометрија
- Јасмина Денковска
- Даниела Божиновска
- Елена Стојмановска
- Славица Грујоска-Митиќ
- Тања Соларска - Темелковски
Линеарна алгебра и аналитичка геометрија
Македонски јазик и литература
- Јадранка Цветковиќ
- Ангела Петковска
- Анита Павловска
- Анита Цветковск
- Лидија Ристовска
- Лидија Тасевска
- Марјан Јордановски
- Соња Тодоровска
- Татјана Мартиновиќ
- Александра Арсовска
- Валентина Арсиќ
- Валентина Каранфиловиќ
- Лела Јовиќевиќ Проданова
- Маргарита Теодосиевска
- Марјан Делегов
- Нове Ивановски
- Трајко Тасевски
Спорт и спортски активности
- Љубинка Максимовска
- Александар Јовановиќ
- Горан Димитријевиќ
- Горан Томовски
- Далибор Димковски
- Зоран Ивановски
- Слободан Стојчевски - Мерџо
- Стојан Гиновски
Збратимувања
уредиУчество на натпревари и освоени награди
уредиУчество на Саемот на наука
уредиКон крајот на месец март 2014 година во Ниш, Србија бил одржан натпреварот „Науката не е баук“ (српски: „Наук није баук“) на коe учество зеле ученици од гимназијата и тоа во неколку категории: математика, хемија, биологија и информатика.[4]
Воннаставни активности
уредиУчество на Струмички карневал
уредиГрупа ученици од гимназијата земале учество на манифестацијата Струмички карневал одржан на 1 март 2014 година во Струмица. Името на маската била „Domino love“. Учениците биле под менторство на професорките Марија Тодоровска, Ангела Петковска и Миланка Гаревска.
Натпревар по Франкофонски театар 2014
уредиНатпревар по Франкофонски театар, организиран од страна на Француски институт во Скопје, бил одржан на 15 март 2014 во Младинскиот културен центар во Скопје. Гимнаизјата била претставувана од групата „Билингвалци“ со претставата „Le p'tit Bourgeois Gentilhomme“ од Молиер под менторство на професорката Милена Денчевска.
Регионален натпревар - „Наноматеријали - материјали на иднината“
уредиУченици од гимназијата учествувале на регионалниот натпревар за наноматеријали, при што ги освоија првите две места и со тоа обезбедија пласман на републичкиот натпревар во конкуренција со учениците од Кратово, Крива Паланка и Пробиштип. Првото место им припадна на Стефан Савовски и Никола Тасевски, додека второто место го освоија Миа Мицевска и Дарко Димковски кои работеа на темата „Паметни наноматеријали, примена во холографска технологија“, под менторство на проф. Штефица Ујчиќ.[5] Втората фаза од натпреварот на републичко ниво ќе се одржи на 29, 30 и 31 март во Охрид.
Натпревар по информатика
уредиНа државниот натпревар по информатика одржан на 31.03.2013 година во просториите на ФИНКИ, во организација на Здружение на информатичари на Македонија (ЗИМ), учениците на Гимназијата „Гоце Делчев“ ги постигнале следните резултати:[6]
- Тасевски Никола I-6 - трета награда (основна група)
- Трајановски Петар I-7 - трета награда (почетничка група)
- Трајановски Никола - IV-9 - награда бесплатно студирање на ФИНКИ
Пофалени ученици:
- Тасевски Стефан I-6
- Трајковски Стефан II-2
- Додевска Лоди III-1
- Ристовска Мирјана IV-4
Маскенбал 2013
уредиНа јубилејниот 10-ти Mаскебал „Батко Ѓорѓија“ 2013 кој се одржа на “Плоштадот „Нова Југославија“ под покровителство на градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски и Советот на Општина Куманово, Гимназијата со својата оригинална маска „Домородци“ освои прво место.
Натпревар за најдобар бизнис план
уредиПод мотото „Без струја и гас се грееме на мраз“ ученици од гимназијата под менторство на професорките по бизнис Стојанка Темова и Даниела Ивановска учествувале на републичкиот натпревар за најдобар бизнис план на Машинскиот факултет во Скопје, организиран од страна на Министерството за образование и наука на Република Македонија каде го промовирале своето научно откритие како да се грееме со помош на мраз. Учениците дојдоа до алтернативен извор со помош на топлотна пумпа, сончев колектор и резервоар кој ќе ја пренесува целата таа енергија низ грејните тела во објектот. Ова е шесто учлество на натпреварот на кој секоја година училиштето влегува во првите 10 најдобри училишта во државата, а во 2013 година го освоија второto место и награда од 50 000 денари.[7]
Натпревар по руски јазик
уредиНа Државниот натпревар по руски јазик кој се одржа на 1 јуни 2013 година на филолошкиот факултет „Блаже Коневски“ во Скопје учениците од II-10 клас ги освоија првите 3 места, со што се стекнале со дипломи и можност за стипендија во текот на средното образование. Под менторство на професорката Билјана Коцевска, 4 ученички ги освоија првите три места на натпреварот:
- Јасмина Станимировиќ - прво место
- Милена Младеновиќ - второ место
- Тамара Мишевска - второ место
- Драгана Јордановска - трето место
Меѓународен фестивал на детско Книжевно творештво - Санкт Петербург
уредиГимназијалците учествувале на VI Меѓународен Фестивал за детско Книжевно творештво што се одржа во Санкт Петербург на 13 април и 14 април 2013, во резултат на што 20 наши ученици од македонски на руски јазик го преведоа романот „Нашето маало“ од Димитри Лешниковски и се стекнале со Меѓународни дипломи и можност нивните преводи да бидат објавени во Русија, а посебно е задоволството што се стекнале со огромна популарност бидејќи тие се првите ученици во светот кои имаат преведено роман од мајчин на странски јазик.
Дипломите на свечен начин им биле врачени во просториите на Гимназијата на 7 мај 2013 година лично од извршниот директор на фестивалот Г-цата Љубавскаја Надежда Васиљевна во присуство на писателот Димитри Лешниковски од Скопје. На свеченоста што била одржана по повод врачувањето на дипломите, бил промовиран романот „Нашето маало“ и преводот на руски јазик на истоимениот роман, а писателот и учениците потпишале согласност за објавување на преведениот роман во Русија.
Победници од VI Меѓународен Фестивал за детско Книжевно творештво во Санкт Петербург, 13април и 14 април 2013 г.
1. Марија Радевска I-5
2. Ангел Арсовски I-[[5
3. Андријана Спиревска I-5
4. Драгана Јордановска II-10
5. Марија Петрушевска II-10
6. Ивана Таскова II-10
7. Тамара Мишевска II-10
8. Елена Спасовска III-1
9. Катерина Јордановска III-3
10. Блаже Стојковски III-4
11. Маринела Антовска III-4
12. Тамара Ѓорѓиевска III-4
13. Бобан Мишевски IV-6
14. Стефан Стефановски IV-6
Театарска претстава „Народен пратеник“
уредиУчениците од гимназијата по текст на Бранислав Нушиќ, во режија на Кети Дончевска Илиќ, а под менторство на проф. Лидија Тасевска ја одиграле претставата „Народен пратеник“. Претставата била премиерно изведена на 6 мај 2014 година, а репризно веќе следниот ден во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“. Во претставата учествувале:
- Давид Илиќ
- Милица Јордановска
- Теодора Струмениковска
- Никола Крстевски
- Сара Илиќ
- Ангел Арсовски
- Тамара Јовановиќ
- Меланија Герасимовска
- Симона Нешевска
- Тина Трајковска
- Моника Трајковска
- Христијан Баневски
- Мила Николиќ
- Маркус Крстев
- Оливера Стојковска
- Марија Јосевска
Театарска претстава „Госпоѓа Министерка“
уредиНа 8 мај 2014 година, премиерно била изведена претставата „Госпоѓа министерка“ од страна на ученици од прва и втора година кои биле на проектната активност „Литературни клубови и драмски секции“, под менторство на проф. Лидија Тасевска.
Репризата била изведена на 12 мај 2014 година, а по барање на публиката на 15 и 17 мај повторно била прикажана претставата во Народен театар.[8]
Во претставата настапувале:
- Томовска Ива II-11 Живка министерка
- Арсовски Ангел I-5 Сима Поповиќ
- Лазова Каја II-6 Дара
- Крстевски Никола I-6 Рака
- Баневски Христијан II-8 Чеда Урошевиќ
- Илиќ Давид II-7 Д-р Нинковиќ
- Младеновска Ангела II-6 -Анка, слугинка
- Јордановска Милица II-7 - вујна Васка
- Крстев Маркус II-11 -Риста Тодоровиќ
- Јовановиќ Тамара I-6 -Мара, жена на писар
- Мишевска Тамара II-10 -тетка Савка
- Трајковска Моника II-10 -тетка Даца
- Крстевска Ангела I-6 -Христина, ќерка на Даца
- Дамјановска Лина II-1 -Јовка, тетка
- Николиќ Мила II-3 -Пана, тетка
- Пауновска Ивана II-6 -Соја, разведеница
- Стефановска Ангела II-6 -Јанка, тетка
- Пешевска Мила I-7 -Пера Калениќ
- Стојчевска Георгина I-7 -г-ѓа Нада Стефановиќ
- Цветковска Бојана I-7 -г-ѓа Драга
Театарска претстава „Long play“
уредиНа ден 16 мај 2014 година ќе биде изведена претставата „Long Play“ во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ со почеток од 19:30. Како и секогаш изведувачи се ученици од училиштеto, овој пат на сцена ќе настапат матурантите од изборен пакет Јазично-Уметничко Б, поточно клас IV-4.
Театарска претстава „Црнила“
уредиНа 9 мај 2014 година, со почеток во 20 часот, била изведена претставата „Црнила“ во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.
Вики секција
уредиГимназијата зела активно учество во уредување на Википедија на македонски јазик, а за тоа била образувана и посебна вики секција која е дел од проектот КУГД.
Познати личности кои учеле во ова училиште
уреди- Зоран Дамјановски — поранешен градоначалник на Општина Куманово
- Филип Петровски — политичар од ВМРО-ДПМНЕ
Познати личности кои предавале во ова училиште
уредиГалерија
уредиПоврзано
уреди- „Спореден влез“ — училишно списание на СОУ Гимназија „Гоце Делчев“
- КУГД — википедиска секција на гимназијата
Наводи
уреди- ↑ http://medium.edu.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=501:2012-12-11-11-37-10&catid=48:2012-04-06-07-44-43&Itemid=126
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-04-22. Посетено на 2013-04-10.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-04-23. Посетено на 2013-04-10.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-04-21. Посетено на 2014-03-18.
- ↑ http://www.radiomof.mk/kumanovskite-gimnazijaltsi-pobedija-na-regionalniot-natprevar-nanomaterijali-materijali-na-idninata/?fb_action_ids=729813880370623&fb_action_types=og.likes&fb_source=other_multiline&action_object_map=%7B"729813880370623"%3A577830415644617%7D&action_type_map=%7B"729813880370623"%3A"og.likes"%7D&action_ref_map=%5B%5D
- ↑ http://www.cs.org.mk
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-06-10. Посетено на 2013-06-07.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-06-13. Посетено на 2013-05-17.
Надворешни врски
уреди- Мрежно место на училиштето
- Алтернативно мрежно место на училиштето Архивирано на 14 април 2009 г.
- Портал за основните и средните училишта во Македонија Архивирано на 16 октомври 2011 г.
- Официјално мрежно место на Министерството за образование и наука
- Училишно списание - „Спореден влез“ бр.1 Архивирано на 23 јули 2014 г.
- Училишно списание - „Спореден влез“ бр.2 Архивирано на 24 јуни 2014 г.
- Портал за основните и средните училишта во Македонија Архивирано на 16 октомври 2011 г.
- Службено мрежно место на Министерството за образование и наука