ОУ „Браќа Миладиновци“ - Куманово

основно училиште во Куманово

Основно училиште „Браќа Миладиновци“ (официјално: Основно општинско училиште „Браќа Миладиновци“ - Куманово; скратено: ООУ „Браќа Миладиновци“) — централно основно училиште во градот Куманово.[2][3]

Браќа Миладиновци

Заедничката зграда на ОУ „Браќа Миладиновци“ и ОУ „Крсте Петков Мисирков“
Заедничката зграда на ОУ „Браќа Миладиновци“ и ОУ „Крсте Петков Мисирков“
Место
Општина: Општина Куманово
Наречено по: Браќа Миладиновци
Нас. место: Куманово
Адреса: Ул. „Народна Револуција“ бр. 43, 1300 Куманово
Местоположба

Карта

Основни информации
Основано: 1953; пред 71 година (1953)
Директор: Јасминка Спасовска
Број на ученици: 1.278 (2023/24)[1]
Настава на: македонски
Контактни информации
Мреж. место oubm.edu.mk/
Е-пошта ou-brakjamiladinovci-kumanovo@schools.mk
Телефон 031/424-281
Факс 031/424-281

Училиштето е именувано по истакнатите македонски преродбеници браќата Миладиновци.

Градба уреди

Училиштето ја дели зградата со ОУ „Крсте Петков Мисирков“. Училиштето работи во 5 училишни згради, а во својот состав вклучува и две подрачни училишта (во Пчиња и Студена Бара).

Наставата во централното училиште се изведува во кабинети по сите предмети. Училиштето располага со канцеларија за наставници, медијатека, кабинет по информатика, како и спортска сала со површина од 1.025 м2.[2] Наставата се изведува во една смена која најизменично се менува на секои две недели.

Историја уреди

Училиштето постои од 1953 година. Тоа е едно од најстарите училишта во општината.[2]

Во учебната 2008/09 во него учеле околу 1.200 ученици од I до VIII одделение.[2]

Збратимени училишта уреди

Училиштето е збратимено со училиштата:[2]

Подрачни училишта уреди

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:[2]

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Годишна програма за учебната 2023/24 г. ООУ „Браќа Миладиновци" - Куманово“. ОУ „Браќа Миладиновци“ - Куманово. 2023 г. Посетено на 8 јануари 2024. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 „За училиштето“. ООУ „Браќа Миладиновци“. Посетено на 7 јануари 2024.
  3. „Регистар на основни училишта“. data.gov.mk. Посетено на 30.01.2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)

Надворешни врски уреди

42°7′57″N 21°43′10″E / 42.13250° СГШ; 21.71944° ИГД / 42.13250; 21.71944