Македонски Роми
Роми во Македонија — малцинска етничка група во Македонија. Според пописот од 2002 година, во Македонија живеат околу 53.879 Роми или 2,66% од вкупното население. [1]Општина Шуто Оризари е единствената општина во светот каде мнозинството се Роми[2], а воедно и единствена општина во светот каде ромскиот (балканскоромскиот) е официјален јазик, покрај македонскиот. Исто така со Уставот од 2001 г. Ромите во Република Македонја се признати како народ единствено во светот. Интересен е податокот дека Ромите се претежно населени во градовите, така што дури 95% од македонските Роми живеат во градските средини.
По религија огромното мнозинство од Ромите се муслимани, но постои и мал број на Роми со христијанска вероисповед (познати под името Масарманги, Масрманговци) кои живеат во неколку градови од источна и југоисточна Македонија.
ИсторијаУреди
Првите доселувања на Роми на територијата на Македонија се забележуваат во Средниот век, односно околу XIV-от век. Нивното главно доселување е за времето на турските освојувања на Македонија кон крајот на XIV и почетокот на XV век, кога тие работеле како слуги на турските генерали и големци. Постои теорија и дека Ромите се доселени во Македонија уште од времето на Александар Македонски бидејќи тие работеле како негови ковачи при неговото освојување на Египет. Оваа теорија ја застапуваат дел од Ромите кои себеси се нарекуваат Египќани (Еѓупци) и се сметаат за посебна етничка група од Ромите, кои се со потекло од индиската област Пенџаб од народот Дравиди.
Познати Македонски РомиУреди
- Есма Реџепова - пејачка, „Кралица на ромската песна“
- Амди Бајрам - пратеник во Собранието на РМ во повеќе мандати
- Неждет Мустафа - политичар, потпретседател на Владата на РМ
- Фаик Абди - политичар, пратеник во Собранието на РМ во повеќе мандати, основач на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР)
- Мухарем Сербезовски - популарен кантавтор, поет и преведувач
- Бајрам Северџан - актер
- Забит Мемедов - актер, ѕвезда на филмовите „Дом за бесење“ и „Црна мачка, бел мачор“
- Ферус Мустафов - виртуоз на повеќе инструменти, со светска популарност
- Неат Велиов - музичар, водач на Кочани Оркестар
- Вели Мумин - трофеен боксер
- Адријано Џеладин - сопственик на телевизиско студио во Франција
- Рахим Бурхан - режисер, раководител на познатиот театар „Пралипе“
- Јасмин Шабан - поранешна сопруга на Боб Фарел, пејачот од групата „Бони М“
НаводиУреди
ПоврзаноУреди
Надворешни врскиУреди
- „Ромскиот јазик во Македонија впо третит милениум: прогрес и проблеми“, Виктор Фридман. (англиски)
- „Ромскиот јазик во Република Македонија: статус, употреба и социолингвистички перспективи“, Виктор Фридман. (англиски)
Оваа статија за поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |