Косово и Метохија
- Оваа статија е за географскиот регион Косово. За државата видете Република Косово, а за останати поими видете ја страницата за појаснување.
Косово и Метохија или само Косово (албански: Kosova, Kosovë; српски: Косово / Косово и Метохија, Kosovo / Kosovo i Metohija[3]) е област на Балканскиот Полуостров, која според уставот на Србија се нарекува Автономна Покраина Косово и Метохија (српски: Аутономна Покрајина Косово и Метохија, Autonomna Pokrajina Kosovo i Metohija)[4] во рамките на Србија, која е под привремена управа на ООН и чиишто органи и некои членки ја имаат признаено како Република Косово. Косово нема излез на море и на север и исток се наоѓа Централна Србија, на југ Македонија и запад Албанија и Црна Гора. Главен град, а воедно и најголем, е Приштина.
Косово |
||
---|---|---|
Карта на Косово
|
||
Главен град | Приштина 42°40′N 21°10′E / 42.667° СГШ; 21.167° ИГД | |
Најголем град | Приштина | |
Народности (2009) | 88% Албанци 7% Срби 5% други[1] |
|
Површина | ||
• | Вкупна | 10,908 км2 |
• | Вода (%) | н.п |
Население | ||
• | Попис 2011 | 1,733,872[2] |
• | Густина | 220 жит/км2 |
Часовен појас | CET (UTC+1) | |
• | (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Се вози на | десно |
Косовскиот спор и војната од 1999 година
Косово е предмет на тековен територијален спор меѓу српската влада и албанското мнозинско население во покраината. Статусот на Косово е во фаза на преговори. Според резолуцијата на ОН 1244, Косово сѐ уште е дел од Србија, иако по НАТО-бомбардирањето на СР Југославија од 1999 година е управувано од Обединетите Нации како меѓународен протекторат и со воена заштита на КФОР силите на НАТО. Конечниот статус на покраината сè уште е предмет на спор.
Население
Официјален попис на населението на Косово немало уште од 1989 година кога Косово броело 1 677 000 жители, од кои Албанци биле 77,42%, Срби биле 13,22%, Муслимани (Горанци и Бошњаци) 3,70%, Роми 2,15% итн. Косово имало и најголем природен прираст на населението во поранешната СФРЈ со 25,3% (наталитет 31,8%).
Но по косовската криза во 1999 година етничкиот состав на покраината е драстично променет, поради протерувањето на околу 200.000 Срби и друго неалбанско население. Според пописот од 2011 година, Косово има 1 733 872 жители.
Историја
Етнички групи на Косово | |||
Година | Албанци | Срби1 | Други |
---|---|---|---|
1455 | 1 % | 98 % | 1 % |
1871 | 32 % | 64 % | 4 % |
1899 | 48 % | 44 % | 8 % |
1921 | 66 % | 26 % | 8 % |
1931 | 69 % | ?? % | ? % |
1939 | 60 % | 34 % | 5 % |
1948 | 68 % | 27 % | 5 % |
1953 | 65 % | 27 % | 6 % |
1961 | 67 % | 27 % | 6 % |
1971 | 74 % | 21 % | 5 % |
1981 | 77 % | 15 % | 8 % |
1991 | 82 % | 11 % | 7 % |
20002 | 88 % | 7 % | 5 % |
20072 | 92 % | 5 % | 3 % |
1 вклучувајќи ги и Црногорците 2 приближен податок Извор: Статистичката служба на Косово, Светска банка (2000), OSCE (2005) |
Територијата на Косово била населена уште од антички времиња. На територијата на Косово во антиката опстојувала државата Дарданија која била населена со древниот народ Дарданци. Во времето на македонскиот цар Филип II Македонски (таткото на Александар Македонски) Дарданија била освоена и приклучена кон Македонското Кралство.
Со доаѓањето на Словените на Балканот, Косово ќе стане еден од центрите на православието и словенската писменост. За време на средниот век Косово било дел од средновековните српски држави на царот Душан и царското семејство Немањиќи и во тоа време се изградени најголем дел од манастирите на Косово и Метохија, како што се манастирите Грачаница, Дечани итн. Во градот Пеќ во Метохија подоцна ќе биде формирана Пеќската патријаршија.
Кон крајот на XIV век на Косово ќе се одигра една од најголемите битки со Турците Османлии. Во 1389 година на Косово Поле на местото Газиместан ќе се одигра познатата Косовска Битка во која српските кнезови ќе бидат поразени од страна на Турците, а Милош Обилиќ ќе го убие султанот Мурат во неговиот шатор. Денес на Газиместан се наоѓа спомен костурница од битката и турбе на султанот Мурат.
Со доаѓањето на Турците започнуваат процесите на исламизација и првите доселувања на Албанците на Косово, кои ќе земат пошироки размери кон крајот на XIX век. За време на османската власт Косово се стекнува со статусот Косовски Вилает. За време на Балканските војни, српската војска повторно ќе води битка со Турците на Косово за негово приклучување кон Кралството Србија. Во ова време за Косово се користело името Стара Србија.
За време на Втората светска војна, поголемиот дел на Косово ќе потпадне под италијанска окупација (подоцна под албанска), а мал дел (југоисточниот дел) во околината на Урошевац и Гнилане ќе биде под бугарска окупација. Во градот Призрен во Метохија ќе биде потпишан познатиот договор „Призренска лига“ за формирање на албанската фашистичка организација Бали Комбтар.
Во 1974 година Косово се стекнува со статусот „социјалистичка автономна покраина“ на Србија и Југославија, и во нејзе покрај српскиот службен јазик ќе стане и албанскиот. Со здобивањето на овој статус се направени значајни чекори во развојот на Косово, бидејќи се отворени универзитет, театри и други културни и научни установи на албански јазик. По смртта на Јосип Броз Тито, во 1981 година ќе се случат познатите студентски демонстрации кои подоцна ќе прераснат во општонародни демонстрации со барање Косово да добие статус на седма република во Југославија. Со доаѓањето на Слободан Милошевиќ како владин претставник во Косово и неговиот говор на Газиместан по повод 600-годишнината од Косовската битка тензиите меѓу косовските Албанци и српските власти уште повеќе ќе нараснат, што ќе резултитра со почеток на воените судири во 1997 година.
По воената интервенција на НАТО врз СР Југославија во 1999 година, на Косово се стационираат силите на меѓународната заедница и Косово се здобива со статус на „меѓународен протекторат“. Во тек се преговорите за статусот и иднината на Косово.
Република Косово
На 17 февруари 2008 година, Парламентот на Косово едногласно ја усвојува декларацијата за независност, ја прогласува Република Косово и ги усвојува државните симболи. Овој чин е прифатен со воодушевување од мнозинското албанско население кое излегува на улиците да ја прослави долгоочекуваната независност. Во текот на потпишувањето на декларацијата од страна на пратениците Албанци, премиерот на Србија, Воислав Коштуница се обраќа на нацијата изјавувајќи дека чинот на самопрогласувањето на независноста е незаконски и против принципите на меѓународното право, уште еднаш давајќи до знаење на српските граѓани, посебно на оние кои живеат на Косово и Метохија, дека Косово и понатаму останува дел од Србија, а тие нејзини граѓани.
Географија
Релјефот на Косово е составено од двете големи котлини Косово или Косовско Поле (во централниот и и источниот дел) и Метохија (во западниот дел) кои се одделени со висорамнината Дреница и планината Црнолева. На запад од Метохија кон границите со Албанија и Црна Гора се издигнува планинскиот масив Проклетие со највисокиот врв Ѓаравица со 2622 метри (највисок во Србија), на масивот се надоврзува планината Паштрик. На југ кон границата со Македонија се издигнува Шар Планина.
Реките на Косово даваат вода на три речни слива: јадранскиот, егејскиот и црноморскиот. Јадранскиот слив е претставен преку целиот речен слив на реката Бел Дрим во Метохија, црноморскиот преку реките Ибар и Биначка Морава во Косово, а егејскиот слив е претставен преку реката Лепенец која се влева во Вардар во Македонија во близината на селото Злокуќани кај Скопје. Реката Неродимка е единствената река во Косово која по пат на природна бифуркација дава вода и на егејскиот и на црноморскиот речен слив.
Косово како тема во уметноста и во популарната култура
Косово се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:
- „Пак тоа (Косово)“ (Opet to (Kosovo)) - песна на српскиот поет Миодраг Павловиќ.[5]
Надворешни врски
- Официјалниот портал за туризам во Косово
- Епархиja Косово Архивирано на 13 февруари 2007 г.
Извори
- ↑ „CIA World Factbook“. CIA. Архивирано од изворникот на 2016-07-01. Посетено на 2008-10-10. Наводот journal бара
|journal=
(help) - ↑ REKOS2011 - Census preliminary results Архивирано на 13 октомври 2013 г..
- ↑ Constitution of the Republic of Serbia
- ↑ „Documents by Opinion and Study“. Venice.coe.int. Посетено на 2009-07-20.
- ↑ Miodrag Pavlović, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1979, стр. 81-82.
„Косово и Метохија“ на Ризницата ? |